5.8 C
Скопје
03:12 - 1 април, 2026

(РЕЦЕПТ) МАФИНИ ОД ТИКВА СО ЦИМЕТ: Пречекајте ја есента со уживање

мафини тиква рецепт есен цимет

Во САД традиционално, есента се пречекува со храна со зачин на тиква и цимет, а омилен десерт што совшено ја спојува таа комбинација се мафините. Мафините станаа популарни и кај нас последниве години, па затоа во продолжение споделуваме едноставен рецепт во ќе можат да помогнат и вашите малечки.

Потребни состојки:

– 225 гр мазно брашно
– 2 лажички прашок за пециво
– 1 лажица мелен цимет
– 100 гр шеќер во прав
– 50 гр мек кафеав шеќер
– 200 гр пире од тиква (зготвена и испасирана тиква)
– 2 јајца
– 125 гр стопен путер

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Премачкајте калапите за 12 мафини. Измешајте брашно, прашок за пециво, цимет и двата вида шеќер заедно во голема чинија. Раскршете ги грутките кафеав шеќер меѓу прстите со триење. Изматете ги пирето и јајцата заедно, потоа додајте ги во сувите состојки со растопениот путер.

Мешајте ја смесата една до две минути со електричен миксер додека не се соедини. Истурете ја смесата во калапи и печете 15 минути додека не поруменат и нараснат. Извадете ги мафините од рерната и почекајте да се изладат. Послужете кога ќе се изладат. Можете да ги чувате до три дена во херметички затворен сад. Идеални се и како појадок со чаша млеко или чај. Се надеваме дека ќе уживате во овој совршен есенски рецепт.

Добар апетит!

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....