23:44 - 16 септември, 2026

(РЕЦЕПТ) ГОТВИМЕ СО ТЕА: Супа од тиква за вистинско есенско уживање!

готвиме со теа

Започнавме убава соработка со една врвна готвачка која секое јадење го претвара во магија од вкусови – Теодора Георгиевска.

Оваа извонредна мајсторка и една од највлијателните готвачки на социјалните мрежи кај нас, стои зад бројните рецепти кои ги објавува на профилот „Готвиме со Теа“ – „gotvime.so.tea“.

(РЕЦЕПТ) ГОТВИМЕ СО ТЕА: Гурманско уживање – мисиркина плескавица во лепче полнета со моцарела!

Теа денес ни направи супа од тиква. „Супата од тиква ми е една од омилемите и често си ја подготвувам, па топло ви препорачувам да си ја подготвите и вие и да уживате во есенскиот вкус“, вели нашата драга Теа.

Потребни состојки:

  •  400 гр тиква
  • 3-4 моркови (средна големина)
  • 1/2 корен од целер
  • 1/2 пашканат
  • 2 компири (средна големина)
  • 1 главица кромид
  • 3 чешниња лук
  • 100 мл павлака за готвење
  • 500 мл вода
  • сол, мешан сув зеленчук, бибер и мускатно оревче
  • масло за јадење

Начин на подготовка:

Исечкајте ги сите состојки на ситни парчиња или на коцки. Ставете масло да се загрева во тенџере на оган и додајте ги кромидот и лукот. Пржете ги 1-2 минути и потоа додадете ги морковите. Пржете ги уште 2-3 минути и потоа додадете ја водата. Потоа додадете ги останатите зеленчуци, зачинете и оставете ја супата да се вари. Откако ќе се сварат сите зеленчуци, тргнете ја супата од оган и со помош на рачен блендер убаво испасирајте ја. На крај вратете ја на тивок оган, додадете ја павлаката за готвење и мускатното оревче. Послужете ја супата со кисела павлака и уживајте во вкусот.

На здравје и уживајте во овие есенски денови!

Слични објави

Сања Вучиќ донесе одлука – пејачката ќе ги трга тетоважите од своето тело

Еспресо

(Видео) Јована Јеремиќ и Тигар не можеа да ја контролираат страста среде емисија – се појави шокантно видео од парот

Еспресо

(Видео) Ханка Палдум доби своја кукла, инспирирана од нејзиното впечатливо издание во Сараево

Еспресо

Едита првпат отворено за таткото на нејзината ќерка: „Само бегав, не сакав моето дете да пати“

Еспресо

Бившиот на Јована Јеремиќ прави свадба за 500 гости: Ќе пее половина естрада

Еспресо

(Фото) За секоја прослава што заслужува совршена атмосфера, Villa Diva е изборот што остава впечаток

Еспресо
Се вчитува....