18:27 - 27 август, 2026

(ФОТО) ДОМАЌИНОТ ПО ДВОРОТ СЕ ПОЗНАВА: Минете ли покрај куќата на Величе, веројатно ќе си добиете хризантема!

Кога влегувате во дворот на Велика Зуламоска во Кривогаштани, имате чувство дека сте во рај, цветен рај, кој ви нуди и топлина, и љубов, и можете со часови да уживате во убавите глетки. Ако минете покрај куќата; Величе веднаш ќе ви посака топло добредојде и многу веројатно ќе ви подари хризантема.

Велика живее во Кривогаштани, таа е горда мајка која покрај трите ќерки никогаш не е ни сама ни осамена.

Ако поминете покрај нејзината куќа ќе помислите дека за дворот се грижат неколкумина млади луѓе, но не е така. За дворот да изгледа ваков, прекрасен, се грижи сама 73 годишната жена. Откако е во пензија таа целото свое време го посветува на куќата и на оваа убавина.

– Почнувам од сабајле и нема крај на работата во дворот, ни признава нашата цветна дама. Со часови останувам со цвеќињата и со љубов се грижам за секое од нив.

Велика има умни зборови за нас: ,,Домаќинот по дворот се познава’’, вели.

Дворот изобилува со безброј различни цвеќиња и сите се естетски наредени, по боја и според типот на цвеќето. А, тука се и саксиите кои дополнително го красат просторот, со најразновидно цвеќе.

– Не мора да е цвеќето скапо, секое цвеќе ќе биде убаво ако е добро одгледувано. Хранлива земја, навремено полевање и убаво топло сонце е сè што му треба на секое растение – Величе ни раскажува со широка насмевка. 

Сардели, трендафили, петунии, хризантеми го красат нејзиниот двор. За зимскиот период пак, има посебна просторија каде ги заштитува саксиските цвеќиња, а останатите дворски цвеќиња ако не успеат да ја преживеат студената зима ќе бидат заменети со нови.

– Особено ги обожавам хризантемите бидеќи може да ги размножувам во голем број и да ги подарувам на тие што немаат…, ни рече добродушната женичка.

Овие написи може да ги следите и во групата … ДВОРЧЕТО …, група во која има едно чудо разноразни убавини, и која ви ја препорачуваме да ја посетите и да си станете нејзин член!

УЖИВАЈТЕ ВО ФОТОГАЛЕРИЈАТА.

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

Марко Марк замина на Бали: Ова е местото каде што се открив себеси

apostolova

Мелина Џиновиќ направила скандал во Монте Карло поради чанта во престижен бутик: „Почна да вика, колешката поради голем стрес мораше да земе боледување“

Т.Ц.

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Што е перзистентниот форамен овале

Еспресо

Љубовни искри од сцената: Анета Љумаковска со сопругот на „Охрид фест“ – песната „Срцево те бендиса“ веднаш влегува во уво

Еспресо

Богатството на Доли Партон се проценува на 450 милиони долари: Кој ќе ја наследи империјата?

Т.Ц.

Нина Бадриќ донираше дел од хонорарот на семејство кое изгуби сè во пожарот во Омиш

apostolova
Се вчитува....