5.8 C
Скопје
00:17 - 1 април, 2026

Намирници кои траат многу подолго од рокот на траење кој го пишува на нив

Многумина не знаат дека датумот кој го пишува на некои производи всушност не е нивниот краен рок на траење.

Овие датуми кај некои производи се само насоки, а не се задолжителни и строги, па не треба слепо да им се придржувате, посебно кога се во прашање одредени производи, пишува Инсајдер.

Погледнете за кои намирници се работи:

1. Суви тестенини

Сувите тестенини можат да го зачуваат својот квалитет една до две години подолго отколку што пишува на нивната кеса. Но, ова не го применувајте и на останатите тестенини – замрзнатите можат да траат само четири до пет дена подолго од пропишаното.

2. Јајца

Без разлика на тоа што пишува на пакувањето, јајцата можат да се користат три до пет недели подолго од напишаниот датум. Сепак, колку што јајцете е посвежо, толку е и повкусно, па подобро е што побргу да го искористите.

3. Месо

Сите видови на месо можат да траат многу подолго ако ги замрзнете.

Замрзнатото мелено месо може да го зачува квалитетот и по три до четири месеци, додека пилешкото може да стои во фрижидер и до една година.

Кога станува збор за рибата, таа го одржува квалитетот шест до девет месеци ако се чува замрзната.

4. Сирење

Сите видови на сирење генерално траат подолго од официјално пропишаниот рок. Се додека не добие непријатна миризба, односно ако сирењето по некое време има иста миризба како кога сте го купиле, тогаш е сосема безбедно за јадење.

5. Млеко

Млекото може да го задржи истиот квалитет и пет дена повеќе од рокот на траење кој го пишува на пакувањето. Тоа зависи од количината на мастите во него. Млекото со пониско ниво на масти може да го надмине рокот на траење од седум до десет дена, додека она со повеќе масти има рок на траење од пет до седум дена повеќе од пропишаното. Расипаното млеко ќе го препознаете по тоа што ќе се појават грутки во него и ќе има кисела миризба.

6. Конзервирана храна

Доколку конзервата е неотворена, храната која се наоѓа во неа може да трае значително подолго од истакнатиот рок на траење. Со исклучок на доматите и ананасите, кои содржат висока количина на киселини, конзервираниот зеленчук и некои конзервирани супи можат безбедно да се јадат и година до две по истекот на рокот на траење. Конзервираното месо трае и подолго – од три до пет години.

7. Леб

Сечканиот леб може да го одржи својот квалитет три до четири дена по рокот на траење ако се чува во фрижидер.

Слични објави

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

Предлог за ручек: Полнети компири со мелено месо и кашкавал

Еспресо

Сака сенка, но не поднесува вишок вода – како правилно да ја одгледувате бегонијата?

Еспресо

Италијанскиот „град со две мориња“ е хит на Тикток: „Не би сакале да станеме Чинкве Тере, бидејќи тоа би ја уништило автентичноста на градот“

Еспресо

По повод Светскиот ден на вафлите, ви носиме рецепт за совршено крцкав и мек десерт

Еспресо

Рецепт за превкусни посни шпагети со доматен сос

Еспресо
Се вчитува....