02:07 - 6 април, 2026

Малку поинаков и повкусен појадок кој се подготвува за само 15 минути (РЕЦЕПТ)

Доколку ви здодеаја буреците, гевреците, сендвичите, пецивата или некое друго вообичаено мени за појадок, имаме совршена идеја за вас.

Употребете ги состојките кои ги обожувате: шунка, сланина, пиперка, кашкавал, домат, лук… и подгответе појадок кој ќе ги задоволи сите ваши сетила. За овој рецепт ќе ви бидат потребни само неколку минути, а верувајте дека тој ќе му се допадне на целото семејство.

Потребни состојки:

– неколку земички

– јајца, по едно за секоја земичка

– црвена пиперка, исечкана

– рендан кашкавал

– сол и бибер

– шунка, сланина или друга состојка по ваш избор

профимедиа

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 Целзиусови степени и припремете ги сите состојки.

Исечете го врвот на земичките и издлабете ги, но внимавајте да не ја дупнете кората.

Наполнете ја секоја земичка со кашкавал, пиперка, шунка или друга состојка по ваш избор, додадете го јајцето одозгора и зачинете со малку сол и бибер.

Вака подготвени ставете ги земичките во претходно загреана рерна и печете 10-15 минути додека јајцето не добие златножолта боја и сервирајте ги топли.

Слични објави

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

Т.Ц.

Идеален десерт за Велигден – рецепт за Баскиска торта од сирење што го освои светот, иако е изгорена

Т.Ц.

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

Предлог за ручек: Полнети компири со мелено месо и кашкавал

Еспресо

Сака сенка, но не поднесува вишок вода – како правилно да ја одгледувате бегонијата?

Еспресо
Се вчитува....