18.8 C
Скопје
18:13 - 22 октомври, 2026

Макаронс готови за половина час: Најпрост рецепт за најслатките француски колачиња

Освен што се на изглед убави, овие колачиња се и многу вкусни, а тоа што дополнително ќе ве израдува е што нивната подготовка нема да ви одземе многу време.

Состојки:
4 белки
70 гр шеќер
230 гр шеќер во прав
120 гр мелени бадеми
малку сол
прехранбена боја
фил по желба (какао крем, мармалад, слатка павлака, шлаг крем)

Подготовка:
Загрејте ја рерната на 150 степени. Белките и шеќерот изматете ги со миксер додека не добиете цврста маса. Потоа додајте ја прехранбената боја и матете уште една минута.

Просејте ги бадемите, шеќерот во прави и солта двапати за да ги отстраните сите можни грутчиња. Постепено и внимателном спојте ги со смесата од белки. Смесата треба да биде мазна и густа и да не се разлева.

Во плех ставете хартија за печење, а потоа со шприц обликувајте смеса во мали топчиња. Печете 15-20 мунути.

Спојувајте по две колачиња и филувајте ги помеѓу. За тоа можете да користите мармалад или слатка павлака, крем, шлаг или обично растопено чколадо.

Слични објави

Тајната на совршено похуваниот ослич и трикот за коричка што не се распаѓа

Т.Ц.

Рецепт за чорба од тиква, идеална за сите што имаат проблеми со желудникот, цревата и црниот дроб

Т.Ц.

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Еспресо

Иконата што постојано се враќала кај изворот: Легендата за манастирот „Пречиста“ кај Кичево

Т.Ц.

Време е за зимница: Туршија со црвен кромид

Т.Ц.
Се вчитува....