12:24 - 22 септември, 2026

ЉУБОВНА ПРИКАЗНА КОЈА ТРАЕ СО ВЕКОВИ: Како компирот успеал да ја освои Европа?

компир

Европската кујна не може да се замисли без компирите. Компирот игра важна улога во многу кујни низ Европа, а неговата историја на овие простори е многу долга. Првиот познат рецепт за салата од компири е напишан пред четиристотини години во книга од австрискиот игумен Каспар Плауц.

Класичниот рцепт кој потекнува од 17 век се состоел од комбинирање компири со масло, оцет, бибер и сол – можеме да се согласиме сите дека истиот, речиси и не се променил до ден денес.

Но, ова растение, донесено во Европа од Јужна Америка од страна на шпанските освојувачи во вториот дел од 16 век, на почетокот воопшто не било популарно.

компир

Дури еден век подоцна, луѓето ги сфатиле бројните придобивки од компирот – прехранбен производ кој помогнал во борбата со гладот ​​од Стариот континент.

Денес, компирот, заедно со пченицата, оризот и пченката, се меѓу најважните култури. Но, денес од друга страна пак, му се закануваат климатските промени.

„На ова растение особено му пречат високите температури ноќе“, вели биологот Маркус Тиег од Универзитетот во Виена.

компир

Друг проблем е заситеноста на почвата со вода по поплавите, што компирот тешко го поднесува.

Тимот на биологот Тиег се обидува да открие зошто некои видови на ова растение се поотпорни од други. Биолозите истражуваат различни видови и во оранжерии и на отворено поле и ги анализираат во лабораторија. Но, Тиег вели дека тоа е генетски сложен и бавен процес.

Денес постојат многу различни видови и сорти компири, има околу илјада од нив во Европа, но само мал дел од нив се нудат на пазарот.

компир

Побарувачката и денес во голема мера зависи од преференциите на потрошувачите.

Во времето на бенедиктинскиот игумен Плауц, веројатно било тешко да се замисли дека компирот ќе стане кулинарско упориште.

храна
Фото: Pexels

Во тоа време, компирот било егзотичното растение најчесто засадено во градините на манастирот, но уште тогаш било јасно дека има светла иднина пред него.

Уште во 1621 година, Плауц напишал дека болните и изнемоштени лица може да зајакнат и оздрават со каша од компир во комбинација со пилешко или овчо месо.

Слични објави

Ќерките на Јелена Карлеуша плачеле поради преселбата на Атина: „Многу се плашам, првите недели ќе бидам со неа во Милано“

Еспресо

(Фото) Анета Љумакоска му посвети емотивни зборови на сопругот: „Мојата љубов и мојата најголема сигурност“

Еспресо

По летото во Македонија, Маријана Новачевска ужива во најслатката прегратка на внуката Ева

Еспресо

Седум симптоми кои може да укажуваат дека нешто сериозно се случува со бубрезите – еден знак може да го забележите веднаш наутро

Т.Ц.

(Фото) Мартија Станојковиќ како од бајка — блесна во небесносин фустан на свадбена прослава

Еспресо

Хороскоп за 22 септември: Биковите ќе имаат контрола над партнерот, Раковите ќе се посветат на семејството

Еспресо
Се вчитува....