08:23 - 6 април, 2026

Лисната пита со тиквички и сирење: Едноставно феноменална! (РЕЦЕПТ)

Појадок, ручек или вечера, изберете сами, во секој случај оваа пита е идеална.

Состојки: 250 гр лиснато тесто, 250 грама тиквички, 250 грама сирење, 2 чешниња лук, 3 јајца, свежо мелен бибер, индиско оревче.

Подготовка: Лиснатото тесто развијте го на дебелина околу три милиметри и префрлете го во плех обложен со хартија за печење. Тивкичките исецкајте ги на тенки кругчиња или правоаголници, посолете и оставете ги да отстојат околу 20 минути за да го испуштат вишокот вода.

Сирењето измешајте го со сецканиот лук, ренданото индиско оревче и јајцата. Посолете и забиберете, па состојките добро измешајте ги. Смесата рамномерно распоредете ја по тестото, додадете ги тиквичките одозгора па печете ја питата во рерна на 170 степени околу 40 минути.

Слични објави

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

Т.Ц.

Идеален десерт за Велигден – рецепт за Баскиска торта од сирење што го освои светот, иако е изгорена

Т.Ц.

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

Предлог за ручек: Полнети компири со мелено месо и кашкавал

Еспресо

Сака сенка, но не поднесува вишок вода – како правилно да ја одгледувате бегонијата?

Еспресо
Се вчитува....