18.8 C
Скопје
11:47 - 9 октомври, 2026

Летна старинска супа

Состојки:

350 грама компир
50 грама путер
1 главица лук
1 тиквичка
100 грама листови од блитва
1 коцка зеленчукова супа
сол и црн бибер

Подготовка:

Потребниот зеленчук за подготовка на овој рецепт, убаво измијте го и ситно исечкајте го. Потоа, ставете го во тава на оган во која сте додале малку путер и кратко пропржете го. Вака подготвениот зеленчук, префрлете го во блендер и убаво миксирајте ги сите состојки.

Во тенџере, ставете вода (околу еден литар) и сварете ја зеленчуковата коцка. Потоа во тенџерето додајте го и миксираниот зеленчук.

Варете ја супата околу 15 минути. На крај зачинете.

Напомена: Доколку постите, наместо путер додека го пржите зеленчукот можете да додадете масло за јадење.

Слични објави

Тајната на совршено похуваниот ослич и трикот за коричка што не се распаѓа

Т.Ц.

Рецепт за чорба од тиква, идеална за сите што имаат проблеми со желудникот, цревата и црниот дроб

Т.Ц.

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Еспресо

Иконата што постојано се враќала кај изворот: Легендата за манастирот „Пречиста“ кај Кичево

Т.Ц.

Време е за зимница: Туршија со црвен кромид

Т.Ц.
Се вчитува....