18.8 C
Скопје
06:02 - 28 август, 2026

Ози Озборн се присети на ноќта кога сакал да ја убие сопругата: Дојдовме до заклучок дека мора да умреш!

Британскиот рокер Ози Озборн е одамна познат по претерана злоупотреба на дрога, а сега фронтменот на групата „Блек сабат“, се присети на моментот кога сакал да ја убие својата сопруга Шерон додека бил под дејство на дрога. Ози се разбудил во затвор едно утро во 1989 година, несвесен за фактот дека сакал да си ја убие жената.

Шерон и Ози/Instagram

Парот прозборе за тој ужасен момент кој можел да го уништи семејството.

А сѐ поради дрогата“, зборува Ози во новиот документарец „Деветте животи на Ози Озборн“.

Шерон се присети дека таа ноќ ги легнала децата, а потоа седнала и почнала да чита книга, кога во собата влетал избезумениот Ози.

Не знам кој седна спроти мене, ама тоа не беше мојот сопруг. Изгледаше чудно, го имаше тој поглед, а ролетните беа спуштени и не можев ништо. Потоа рече: „Дојдовме до заклучок дека мора да умреш“. Беше смирен, многу смирен, а потоа почна да ме гуши – раскажа Шерон.

„Таков поглед во очите имаше додека излегуваше на сцената пред публиката. Капаците му беа скоро спуштени и не можев да допрам до него“, се присетува Шерон.

Instagram

„Ме фрли на подот и дојде над мене, а јас со раката пребарував предмети на масата. Го пронајдов копчето за итни случаи и само го стиснав. Следно што знам е дека дојде полиција.

Инцидентот се случил додека парот живеел во Бакингхамшир во Англија. Шерон раскажала дека во живот ја држеле нивните три деца, тие ѝ давале сила и затоа успеала толку долго да се бори со него, сѐ додека не дошла полицијата.

Ози во своја одбрана рекол дека не знае зошто следниот ден бил во затвор.

Се чувствував помирно од кога и да е. Бев исполнет со мир. Тоа не ми е баш постигнување со кое можам да се пофалам. Се сеќавам дека се разбудив во затвор и полицајците ме прашуваа дали знам каде сум. Потоа ми прочитаа дека сум уапсен бидејќи сум се обидел да ја убијам сопругата“, раскажал Ози.

Ози бил обвинет за обид за убиство, но на крај за казна морал да оди само на шест месеци рехабилитација.

Не ги сакам твоите пари, ама ако пак ми го направиш ова, или јас ќе те убијам тебе или ти мене. Тоа го сакаш за твоите деца?, му рекла Шерон откако се вратил од рехабилитација.

За среќа таков инцидент веќе не се повторил, иако Ози ни после тоа не се откажал од зависноста од наркотици.

Profimedia

Слични објави

(Фото) Знае како да се разлади на горештините – Ѓани ужива во базенот со сопругата Слаѓа

Еспресо

(Видео) Ја оправда титулата „вечен заводник“ – Здравко Чолиќ ѝ запеа на уво на обожавателка

Еспресо

Ана Бекута со првиот сопруг помина повеќе од деценија, а еве што беше по професија

Е.А.

Џина Џиновиќ откри детали од патувањето во Грција со Мајка ѝ и очувот

Е.А.

Марко Марк замина на Бали: Ова е местото каде што се открив себеси

apostolova

Мелина Џиновиќ направила скандал во Монте Карло поради чанта во престижен бутик: „Почна да вика, колешката поради голем стрес мораше да земе боледување“

Т.Ц.
Се вчитува....