20:07 - 5 април, 2026

ИСХРАНА ВО БОЈА: Како белата храна ве прави поздрави?

Белата боја на храната најчесто се поврзува со „лоши јаглехидрати“ како брашното, печивата, белиот ориз и многумина веруваат дека белата храна не е здрава.

Но, вистината е дека постојат бели намирници кои што се здрави за вас, како што се целите житарици, карфиолот, печурките…

Печурки – богати со протеини, витамин Б, калиум, а во исто време и нискокалорични.

Карфиол – одличен извор на витамини Ц и К, фолати и растителни влакна. Најдобро е да го јадете варен или печен.

Овес – овесот и овесните снегулки го намалуваат холестеролот, а во исто време и заситуваат поради високата концентрација на растителни влакна.

Млеко – млекото е богато со калциум, а и помага за подобро спиење. Но, најдобро е да го пиете во ограничени количини, а да го избегнувате ако имате нетолеранција на лактоза и казеин.

Остриги – оваа намирница не можете да ја сместите во дневното мени, но слободно можете да ја јадете кога ќе најдете свежи. Богати се со железо и цинк.

Лук – многумина го избегнуваат поради специфичниот мирис, но во реалноста, е богат со многу хранливи материи кои помагаат во подобрување на имунитетот и стабилизирање на крвниот притисок.

Пуканки – нискокалорични грицки кои е најдобро да ги подготвите сами, бидејќи оние за микробранова печка имаат многу сол и адитиви.

Тофу – сирење од соја кое е богато со селен, протеини и омега-3 масни киселини, како и мала концентрација на пробиотик поради процесот на ферментирање.

Слични објави

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

Т.Ц.

Идеален десерт за Велигден – рецепт за Баскиска торта од сирење што го освои светот, иако е изгорена

Т.Ц.

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

Предлог за ручек: Полнети компири со мелено месо и кашкавал

Еспресо

Сака сенка, но не поднесува вишок вода – како правилно да ја одгледувате бегонијата?

Еспресо
Се вчитува....