21:06 - 9 ноември, 2026

Летна тава од рерна: Тиквички со пармезан и јогурт

Повкусно и не може да биде. Лесно летно главно јадење карактеристично за медитеранската кујна.

Потребни намирници

4 тиквички,

2 млади компири,

200 мл јогурт,

60 грама рендан пармезан,

150 грама димен кашкавал,

малку маслиново масло,

магдонос,

3-4 чешњиња лук,

сол и црн пипер,

доматен сос по желба (може но и не мора).

Подготовка

Измијте ги убаво тиквичките, исечете ги на тенки листови или на тенки кругови, и ставете ги во врела посолена вода да се сварат само 30-на секунди. Извадете ги и исцедете ги од водата.

Тавчето за печење премачкајте го со маслиново масло. Потоа, почнете да ги редите тиквичките – ред тиквички, ред јогурт и ситно исечкан димен кашкавал, ситно исечканото лукче и магдонос, изренданиот (претходно сварен) млад компир. Повторно, врз нив, ред тиквички и останатите намирници. Редете едно врз друго додека имате од материјалот за готвење.

Сосема на крајот ставете го изренданиот пармезан, па зачинете по желба и додадете по желба доматен сос.

Тавчето ставете да се пече 20-на минути во претходно загреана рерна, на температура од 200 степени, се додека пармезанот сосема не се расопи и горниот дел стане малку крцкав.

Сервирајте ја вкусната тава со тиквички со препечен леб.

Слични објави

Старинска штрудла со кисела зелка и сланина — крцкаво есенско задоволство што мириса на домашна кујна

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

На овој чоколаден колач со јаболка тешко дека ќе можете да му одолеете – не содржи ни јајца ни млеко

Т.Ц.

Што да јадете за подобра меморија? Овие намирници можат да помогнат во зачувувањето на здравјето на мозокот

К.С.

Есенски десерт што мириса на цимет — направете вкусни емпанади со тиква

Еспресо

Крцкави лиснати печива со сирење и сланина — вкусни залчиња од само неколку состојки

К.С.
Се вчитува....