23.8 C
Скопје
16:51 - 28 септември, 2026

ХАРМОНИЈА НА МИРИС И ВКУС: Штрудла со смокви (РЕЦЕПТ)

Овој десерт лесно се подготвува, а е вистинско слатко уживање за сите сетила.

Тесто:

300 гр бpашно
170 гр путер на собна температура
100 гр шеќер
50 гр мед
1/4 лажичка сода бикарбона
Малку сол
Малку цимет
Изрендана кора од еден лимон
Една лажичка екстракт од ванила
4 жолчки

Фил:

400 гр суви смокви
80 гр пире од јаболка
50 гр мед
Малку цимет

Подготовка:

Во сад изматете ги путерот, шеќерот, медот, кората од лимон, солта, екстрактот од ванила и циметот. Во текот на матењето додавајте ги жолчките една по една, додека да се соедини смесата.

Измешајте ги брашното и содата и додавајте лажица по лажица, додека матите со најниска брзина на миксерот. Тестото треба да биде многу меко.

Поделете го тестото на четири дела и обликувајте долгнавести форми од секое парче. Завиткајте ги во фолија. Тестото треба да отстои во фрижидер најмалку два часа.

За тоа време, исецкајте ги смоквите и изблендирајте ги заедно со пирето од јаболка и медот. Зачинете со цимет.

Оваа смеса ставете ја во готварски шприц.

Секое парче тесто исукајте го тенко и сечете правоаголници од околу 8 сантиметри. Вадете од тестото по потреба, бидејќи брзо омекнува.

На секој правоаголник ставете од филот на средина, па преклопете, така што краевите ќе бидат од долната страна. Штрудлите ставете ги во фрижидер да отстојат уште еден час.

Откако се добро изладени, наредете ги во плех за печење на хартија. Печете на 180 степени околу 15 минути.

Послужете откако се добро изладени.

Слични објави

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Еспресо

Иконата што постојано се враќала кај изворот: Легендата за манастирот „Пречиста“ кај Кичево

Т.Ц.

Време е за зимница: Туршија со црвен кромид

Т.Ц.

Ретко кој може да ѝ одолее на оваа феноменална пита со сезонско овошје

Т.Ц.

Лесен е за приготвување и воопшто не е скап – Колач со диња и вишни

Т.Ц.

Рецепт за превкусни модри патлиџани со моцарела

Т.Ц.
Се вчитува....