12:58 - 13 ноември, 2026

(ФОТО) НОВИОТ ВОЗ – ОРИЕНТ ЕКСПРЕС: Ќе ве однесе на луксузно патување

Ретко кој не го чул името на првиот луксузен воз „Ориент Експрес“, благодарение на криминалистичкиот роман на Агата Кристи. Овој пат ослободен од убиствен контекст познатиот воз има ривал…

Познатиот „Venice Simplon Orient Express“, кој ги носи патниците од Венеција до Лондон, ќе се соочи со нов ривал во 2023 година кога „Orient Express La Dolce Vita“ ќе тргне на своето прво патување, пренесува „B92“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ORIENT EXPRESS (@orientexpress)

Новата железничка услуга со седиште во Италија (сопственост на хотелската групација „Акор“) се надева дека ќе ја поттикне „новата генерација“ патници да го прифатат златното доба на железничкото патување – под услов да не им пречи да плаќаат премиум цена.

За разлика од Венеција Симплон (управуваа од компанијата за луксузни возови Белмонд) со својот инстантно препознатлив Арт Деко дизајн од 1920-тите, верзијата „La Dolce Vita“ ќе изгледа поинаку: ентериери од средината на векот инспирирани од облините и боите на 1960-тите и 1970-тите. Секој од шесте возови „La Dolce Vita“, дизајнирани од студиото „Dimore“ со седиште во Милано, ќе има 12 луксузни кабини, 18 апартмани, еден почесен апартман и вагон кој ќе биде ресторан, во кои одличната италијанска кујна ќе биде придружена со италијанско вино.

Гостите ќе уживаат во турнеја низ Италија од Алпите на север до јужните плажи, лебдејќи покрај пејзажите, езерата и шумите по добро изгазени патеки и уживајќи во уметноста и културата на градовите како Милано, Фиренца, Венеција и Рим. Италијанската програма ќе има опции од една до три ноќи. Ќе бидат достапни и три меѓународни програми од Рим до Париз, Истанбул до Сплит.

Акор го претставува патувањето како „нов начин да се доживее Италија: еколошка авантура која ги истражува заборавените улици“, но со билети кои чинат просечно 2.000 евра од ноќ по лице, авантурата ќе биде ограничена на патници со многу длабоки џебови.

Слични објави

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.
Се вчитува....