8.8 C
Скопје
09:08 - 13 март, 2026

(ФОТО) ДРУГ СВЕТ: Како изгледа појадокот во Катар, Малдиви и Индонезија?

Појадокот кај нас знае да биде бурек или кифла со јогурт за тие што се „на нозе“ или класичните јајца или можеби ретро: леб со мед, путер и чаша чај. Но, остатокот од светот практикува со друг тип на храна да си го почне денот.

Катар

Досас и Карак чај

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chai Wagon (@chaiwagon)

Многу од кулинарските обичаи на Катар го одразуваат мултикултурализмот на нацијата. Брзиот појадок во Доха е Досас послужени со Карак чај. Ова вкусно дуо е поврзано со силното влијание на Јужна Азија. Инспирирано од индиско-пакистанскиот Масала Чај, чајот Карак е основата на појадокот и единствениот начин да се започне денот во Катар. Составен дел од животот е уште од 1950-тите, кога мигрантите го вовеле рецептот во кафулињата бидејќи ги потсетувал на дома. Црниот чај со млеко се служи во мали чаши засладен со шеќер и кардамон. Често се додаваат други вкусови како цимет, шафран или каранфилче за да се засили профилот на зачини.

(ФОТО) ДРУГ СВЕТ: Како изгледа појадокот во Куба, Јамајка и Мјанмар

Малдиви

Диск Машуни

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @cuiscene

Традиционалниот појадок на Малдиви е едноставна комбинација од две главни производи: Наан(леб) и салата од туна. Малдивискиот Наан, локално познат како Диск, е леб кој се прави со пченица и кокос. Се пржи во рамна тава за да се постигне совршен баланс помеѓу крцкавост и мекост. Салатата Машуни се прави од свежа туна со чили, кромид, зачини и рендан кокос. Заедно, ова се Малдиви на чинија.

Индонезија

Наси Гудег

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Laurentia Monita (@mrsmonita.ang)

„Гудег“ значи џекфрут и е едно од најпопуларните индонезиски јадења за појадок. Во ова јадење, наречено Наси Гудег, незрелиот џекфрут се динста неколку часа во кокосово млеко и се служи со локални специјалитети. Се служи во кутија обликувана од листови од бамбус наречена „Бесек“. Ова јадење често се служи со зачинети крекери од кожа на биволи наречени „Кречек“ и зачинето јајце, кое исто така се готви во кокосовото млеко наречено „Опор Телур Пинданг“. Пржено пилешко (Ајам Горенг) може да се сервира на местото на зачинето јајце.

(ФОТО)ДРУГ СВЕТ: Како изгледа појадокот во Иран, Кина и Холандија?

Слични објави

„Мислев дека умирам“: Болна исповед на пејачката Александра Младеновиќ за тешкиот период

Еспресо

Хороскоп за 13 март: Раковите ги очекува нова работа, Скорпиите ќе ги откријат новите идеи на партнерот

Еспресо

Фаталната Славонка со жешките фотографии откри дека нешто се крчка

Еспресо

Што ги очекува хороскопските знаци на поле на љубовта во втората половина на март

Еспресо

(Фото) Вељко Ражнатовиќ не се одвојува од синовите во Русија, покажа како го поминуваат времето

Еспресо

(Фото) „Засекогаш ќе бидеш во моето срце“: Дарко Лазиќ со емотивна објава се збогува со својот брат Драган

Еспресо
Се вчитува....