12.8 C
Скопје
09:55 - 6 октомври, 2026

Домашно топло чоколадо за уживање во дождливите денови (РЕЦЕПТ)

Подгответе си топло чоколадо за дождливите денови, за целосно уживање.

Овој рецепт е многу едноставен и сигурно ќе ви се допадне.

Потребни состојки за двајца:

Две супени лажици какао
Три супени лажици шеќер
Пола лажичка густин
Екстракт од ванила
300 милилитри вода

Подготовка:

Измешајте ги сувите состојки во сад. Ставете ја ладната вода во поголемо ѓезве, додадете го екстрактот од ванила и потоа сипувајте ја смесата со какао.

Мешајте цело време додека се вари. Ќе добиете две шолјички топло чоколадо, кое можете да го збогатите со шлаг, млеко или кекси.

Слични објави

Тајната на совршено похуваниот ослич и трикот за коричка што не се распаѓа

Т.Ц.

Рецепт за чорба од тиква, идеална за сите што имаат проблеми со желудникот, цревата и црниот дроб

Т.Ц.

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Еспресо

Иконата што постојано се враќала кај изворот: Легендата за манастирот „Пречиста“ кај Кичево

Т.Ц.

Време е за зимница: Туршија со црвен кромид

Т.Ц.
Се вчитува....