Доколку сте љубител на оние брзи рецепти за колачи кои бараат мал труд и време, ова е совршениот рецепт за вас.
Затоа денес ви претставуваме еден таков рецепт, а истиот не содржи брашно и шеќер, што е додатен бонус.
Потребни состојки:
• 395 грама кондензирано млеко
• 3 јајца
• ½ шолја кокосово млеко
• ½ шолја кравјо млеко
• 2 шолји кокосово брашно
Подготовка:
1. Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови.
2. Во поголем сад, измешајте го кондензираното млеко, јајцата, кокосовото млеко и кравјото млеко. Додадете го кокосовото брашно, ставете во огноопторна тава и печете околу 25 минути.
3. Украсете по желба со бадеми, лешници, топено чоколадо, суво грозје и друго.
