8.8 C
Скопје
01:47 - 20 април, 2024

(ФОТО)МИНИЈАТУРИТЕ НА КАТЕРИНА АКАСА: Уметнички дела кои го освоија светот, а се носат на рака

Катерина Атанасоска (Акаса) е обична жена со големи соништа. Таа е опасна кик-боксерка со огромен уметнички талент и естетско око. Катерина со своите дизајни и неприкосновена упорност, посветеност и желба за креација, со години поставува уметнички стандард во оваа пракса за убавина. Креациите на Катерина се бездруго уметнички дела – минијатури кои заработуваат награди и на светски натпревари. Дека Акаса, во својата струка стои рамо до рамо со најдобрите, уверете се и сами.

Кога почнавте да се занимавате со правење нокти? Како се роди таа ваша пасија?

– Цртањето на нокти е моја пасија од детството. Бев љубопитно дете и имав повеќе активности кои ме привлекуваа, но уште како многу малечка, се сеќавам, моите родители ми купија вештачки нокти и лакчиња и почнав да експериментитам. Чувам некој таков типс нацртан отприлика на 10 годишна вораст. Кога славевме полуматура се сеќавам дека на многу девојки кои учеа со мене им залепив типсови и им ги нацртав со обични лакови. Таа пасија продолжи понатаму, но цртав и вежбав на себе. Сплет на околности доведоа до тоа случајно да одам на курс за изработка на нокти. Таму пасијата почна уште повеќе да се разгорува. Учев, се трудев, во секоја изработка, во секој дизајн вложував нова, поголема страст, се трудев секој дизајн да биде различен и подобар од претходниот.

Имаше многу подеми и падови во текот на моите почетоци. Тоа беше во 2010 година. Оваа професија ја третирав повеќе како хоби во кое уживам максимално. Како што купував нови материјали, растеше интересот за иновации, растеше мојата креативност и желбата за експерименти.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nail Art Akasa (@nailartakasa)

– Кога бев со најголем жар, за жал имав повреда која ме дистанцираше на подолг временски период. Но, желбата не ме напушташе. Дури и врзана за кревет вежбав дизајни, цртав колку што успевав. Таа повреда ми помогна да размислам што сакам да бидам, во кој правец ќе се движам понатаму. Тогаш во мојот живот се појави една прекрасна жена – мојата инспирација, жената која ми помогна да верувам во себе и ми даде крилја во професијата, мојата, како што милувам да ја наречам „Teacher“ – Ана Павловска ( Ana X -Treme). Таа ме едуцираше, несебично го споделуваше своето знаење со мене, ми помогна да верувам дека можам многу повеќе. Денес јас сум горд претставник на првиот натпреварувачки тим од Македонија, „X – Treme Team“ и сертифициран мастер едукатор во „Аna X – Treme Academy“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nail Art Akasa (@nailartakasa)

Дизајните на ноктите ви се посебни и несекојдневни. Дали сметате дека тоа е препознато од колегите и клиентите?

– Дизајните на ноктите во салонските изработки ми се некогаш римејк на дизајни што ги прават колешките од други земји, но многу често правам свои уникатни дизајни. Моите клиентки се исто така посебни и уникатни, па ги комбинираме нивните замисли, мојата фантазија и реализација, па правиме баш убави и уникатни дела. Дали се препознатливи…Тоа не знам, се трудам како што кажав да дадам свој печат на секоја изработка, на секоја фотографија… Најчесто со колешките си ги препознаваме изработките, секоја си има свој посебен начин на експресија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nail Art Akasa (@nailartakasa)

Освоивте 4-то место на Светското првенство за едукатори. Што значи тоа за вас и како е да се биде избран помеѓу најдобрите во светот?

– Светското првенство помина одлично. Јас успеав во многу јака конкуренција да влезам во најдобрите 5, на 4-то место, а мојата едукаторка е светски шампион во категоријата „pink & white“ и на второ место во категоријата „stiletto“. Мојата категорија е „Тип Бокс“. Во таа категорија се изработува минијатура на 10 натпреварувачки типсови. Тоа уметничко дело е помало од дланка. Има повеќе правила кои треба да се почитуваат и се различни на сите натпревари. Оваа година настапував со две свои изработки во категоријата „free style“.

Во категоријата „Тип Бокс“ имаше 428 изработки и премногу голем успех за мене, за мојата едукаторка и за мојата земја е што успеав во таква конкуренција да освојам четврто место.

– Работев на две теми – „Аладин” и „Гејша”. Тип боксот на тема Аладин е работен со гелови во боја и гел лакови, а пораката за таа минијатура е дека никогаш не треба да се откажуваме од своите соништа, туку да се бориме до крај за она што навистина го сакаме. Гејшата е минијатура изработена од гелови во боја, гел лакови, акрилни бои и акрил. Тој „Тип Бокс“ го претставува светлиот колоритен свет на гејшите кој ние го гледаме, а на другата страна е темнината во која живеат, затворени, со огромна желба за спас, за живот на слобода како оној што го имале. Има премногу да се каже за овие мини уметнички дела направени со страст, љубов, неспиени ноќи…..

– Јас сум среќна бидејки ова е мој прв настап на светско првенство како едукатор, а и огромно задоволство што мојот труд остана забележан. Им благодарам на сите за поддршката. Досега имам учествувано и на интернационално првенство во 2020 година каде освоив пехар, а настапив со две изработки, а во 2021 учествував на „Nail Pro“ натпревар каде настапуваа многу земји од Европа. Таму исто така во категорија тип бокс успеав да влезам во најдобрите 5, исто на 4то место, а во категоријата „On my own“ каде работиме француски маникир сами на себе успеав да бидам во најдобрите 10.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nail Art Akasa (@nailartakasa)

Дали имате омилени нокти? Односно изработка или дизајн која Ви е посебно драга?

– Омилени ми се сите нокти, дури и оние од почетокот на мојата кариера. Горда сум на секоја изработка, па и на оние што не биле баш убави и правилно изработени – дел се од мене. Горда сум на сите изработки за натпревари, горда на мојот прв руски бадем, горда на секој нацртан портрет, на секој уникатен дезен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nail Art Akasa (@nailartakasa)

Која е вашата најголема поддршка?

– Пред сè моите родители, мојот партнер, моите најблиски и најсакани луѓе, мојата најпрекрасна едукаторка и моите верни клиентки. Им благодарам од срце.

Имам среќа да го работам она што ме прави среќна, а таа среќа се одразува на моите изработки. Секогаш сакав да направам нешто посебно на повеќе полиња, да створам свој уникатен израз, да направам моите дела да бидат препознатливи. Низ животот научив како да се борам за своите цели, а притоа да останам скромна кога ќе ги остварам. Како жена која е активна и во спортот истрајноста, упорноста и борбеноста станале мој водич низ животот и со помош на тие свои карактерни особини остварив повеќе успеси на професионално ниво, но сепак мислам дека имам уште многу пат пред себе до она што го замислувам, ВЕЛИ НАШАТА СОГОВОРНИЧКА.

Слични објави

(Фото) Ќерката на Том Круз наполни 18 години: Од него ни трага ни глас, дури ни на роденденот на Сури

еспресо

„Ги преминува границите“: Марија Шерифовиќ проговори за грижата на својот син, а поради него имала расправија со мајка си

Еспресо

Ограбена Сандра Африка! Пејачката доживеала хорор на бензинска пумпа во Словенија

Еспресо

(Фото) Прослава во домот на Неда Украден: Пејачката сподели убава вест и испрати емотивни зборови до најважната личност во нејзиниот живот

Еспресо

(Фото) Мина Наумовиќ покажа колку ужива во мајчинството: Објави селфи што го одзема здивот

Еспресо

(Фото) Доживела страв и ужас: Ива Гргуриќ се огласи од Дубаи по страшните поплави

Еспресо
Се вчитува....