5.8 C
Скопје
08:13 - 19 октомври, 2026

Зошто не е добро да пиете кафе пред појадокот?

Голем дел од луѓето првиот утрински ритуал го прават со пиењето кафе, бидејќи омилениот мирис на кафето го разубавува денот.

Зошто не е добро да пиете кафе веднаш по будењето?

Една од причините е зголемувањето на кортизолот, хормон кој има негативен ефект врз овулацијата, телесната тежина и рамнотежата на хормоните. Овој т.н. хормон на стрес помага во регулирање на енергијата и ве одржува будни. Кога пиете кафе наутро тоа е период кога кортизолот е секако висок поради станувањето – со тоа влијаете на производството на хормони и го преместувате циклусот на природно создавање во текот на денот. Ова дополнително води кон производство на кортизол во организмот кога не ви е потребен, особено во вечерните часови кога сакате да заспиете.

Кортизолот е неопходен за општата здравствена состојба на луѓето. Меѓутоа, кога постојано сте под стрес вашето тело континуирано произведува кортизол, што може да доведе до зголемување на шеќерот во крвта и производство на инсулин. Вишокот кортизол предизвикува прекумерна тежина, проблеми со спиењето и пад на имунолошкиот систем.

Зошто не е добро да се пие кафе пред појадокот?

Пиењето кафе пред оброк може да доведе до здравствени проблеми на цревата. Влијанието на цревата, го стимулира производството на киселина во желудникот. Доколку имате проблеми со киселина, треба да обрнете внимание дали симптомите се влошуваат кога пиете кафе, особено пред јадење. Покрај тоа, поладното кафе има 70% помалку киселина од врелото кафе.

Ако кортизолот е висок, зошто се чуствуваме поспани?

Кога се чувствуваме најмногу поспано и очајно ни треба шолја кафе – всушност веќе имаме доволно ниво на хормони во нашето тело за да бидеме будни. Едно од објаснувањата е, доколку сте навикнати да пиете кафе наутро, вашето тело со текот на времето ги отфрла своите природни механизми за будење. Втората причина е дехидрираноста. За време на спиењето губите одредена количина вода и се чувствувате слаби и поспани, иако всушност сте само жедни. Третата причина е недоволното спиење или наизменичното спиење.

Слични објави

Хороскоп за 19 октомври: Лавовите ќе се потпрат на својата интуиција

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ извади паштета среде ресторан во Бали и ја изеде за секунда – сите останаа во целосен шок

Еспресо

Тајната на најголемиот хит на Џеј исплива по 30 години: Песната „Од љубов до омраза“ била наменета за Цеца

apostolova

(Фото) Која од која поубава! Милица има две сестри, мајка ѝ објави прекрасна славеничка фотографија

Еспресо

(Фото) Се омажи ќерката на Ена Беговиќ – Лана го кажа судбоносното „да“ во елегантна венчаница која ја истакна нејзината фигура

Еспресо

(Видео) Скандал на хрватските пејачки во Нови Сад: „Зошто ме бакнуваш трипати?“

Еспресо
Се вчитува....