5.8 C
Скопје
11:31 - 22 декември, 2024

ЗОШТО ЛУЃЕТО ПЛАЧАТ: Холандски психолог 20 години бара одговор на ова прашање

море

Човечката раса е единствената која плаче поради интензивни емоции. Покрај солзите од емоционална природа, постојат уште два вида солзи – „рефлексни“ кои се предизвикани од надворешен стимул и „базални“ солзи кои ги чистат и навлажнуваат очите, пренесува „24 сата“.

Еден од авторите на студијата, Ед Вингерхутс, се сомнева дека причина за тоа се искривените претпоставки кои луѓето ги имаат за солзите и плачењето.

„Солзите често се толкуваат како показател за тага. Но, солзите не само што содржат информации за тоа како се чувствуваме во моментот, кажуваат и за тоа какви луѓе сме“, вели холандскиот психолог кој во последните 20 години бара одговор на прашањето зошто луѓето плачат?

море

Само луѓето плачат

Човечката раса е единствената која плаче поради интензивни емоции. Покрај емотивните солзи, постојат уште два вида – „рефлексни“, кои се предизвикани од надворешен стимул како што е лупење на кромид, и „базални“ солзи кои ги чистат и навлажнуваат очите.

Сите три вида се состојат од вода, електролити и протеини, но во различни пропорции. На пример, емоционалните солзи содржат повеќе протеини и серотонин отколку рефлексните солзи.

Една можна причина зошто луѓето плачат е манипулацијата. Британските истражувачи во студија од 2007 година изјавија дека шестмесечните бебиња го користат плачењето како тактика за да го привлечат вниманието на родителите.

Според Вингорхутс, можно еволутивно објаснување за емоционалниот плач може да се најде во оваа фаза од животот.

Меѓутоа, луѓето плачат и во зрелите години, кога не се веќе беспомошни. А има разлики во зачестеноста на плачење меѓу мажите и жените. Според Германското здружение на офталмолози, мажите плачат меѓу 6 и 17 пати годишно, а жените пет пати повеќе.

Овие разлики излегуваат на виделина дури по 13-годишна возраст, пред тоа девојчињата и момчињата плачат подеднакво и од исти причини. Вингерхутс додава дека истите проблеми предизвикуваат „тешки“ солзи кај двата пола, а тоа се тага, носталгија по домот и љубовни маки.

море

Социјални притисоци

Сепак, жените почесто плачат во секојдневни ситуации, кога се соочуваат со критики или конфликти. Ова може да укаже на тоа дека жените реагираат на чувството на беспомошност, додека мажите избегнуваат такви ситуации.

Но, не смеат да се изостават различните општествени притисоци бидејќи е помалку „прифатливо“ мажите да плачат.

Вингерхутс не верува во објаснувањата кои велат дека луѓето плачат за да се чувствуваат подобро. Постојат истражувања кои покажале дека депресивните луѓе не чувствуваат никакво олеснување по плачење. Солзите нема да ни помогнат дури и кога треба да се справиме со трауматични настани на кои не можеме да влијаеме, како што е смртта на некој близок.

Солзите сигнализираат нечија емоционална состојба кон надворешниот свет

„Се разбира дека ќе се чувствуваме подобро кога ќе ја добиеме емоционалната поддршка од луѓето околу нас“, вели Вингерхутс.

Тој не верува дека потиснувањето на плачот е штетно за здравјето, освен ако нема случаи на пошироко потиснување на емоциите, што укажува на поголеми проблеми на личноста.

море

Дали плачат само добрите луѓе?

Всушност, споредбата меѓу луѓето кои ретко плачат и оние кои често плачат не покажува разлики во нивната општа благосостојба. Луѓето кои плачат почесто оставаат впечаток дека се поемпатични и почесто добиваат поддршка од околината. За Вингерхутс, ова е дел од одговорот зошто луѓето плачат.

„Солзите создаваат социјална врска меѓу луѓето“, вели тој.

Тој сака подетално да ги истражи карактеристиките на оние кои почесто плачат бидејќи досегашното истражување се фокусирало на тоа како ги перципираме. Ние често со нив ги поврзуваме придавките како љубезни, искрени и сигурни, но тоа не мора да биде вистина.

„Старите Грци знаеле да кажат дека само добрите луѓе плачат, но се прашувам дали има зрно вистина во тоа“, вели Вингерхутс.

Слични објави

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо

(Фото) Цеца Ражнатовиќ без грам шминка: Вељко објави приватна фотографија од семејната вила

Еспресо

(Видео) Црногорската инфлуенсерка ја шокираше јавноста со својата изјава: Деца, ако учите, ќе можете да ми го миете автомобилот

Еспресо

(Фото) Ќерката на Цеца скршена по страшниот напад во Загреб: Анастасија се огласи со срцепарателна порака

Еспресо
Се вчитува....