21.8 C
Скопје
12:39 - 13 мај, 2024

ДАЛИ ПАТИТЕ ОД НОМОФОБИЈA: Луѓе кои не можат без својот мобилен телефон

мобилен телефон

Ако не можете да излезете од дома без вашиот мобилен телефон, не одете ниту во тоалет или на трчање без него, можеби и вие страдате од номофобија.

Номофобијата е нарушување кое се карактеризира со страв да се живее без мобилен телефон. Тоа не е страв од губење, кражба или кршење на самиот апарат. Тоа е страв да излезете од дома без мобилен, чувството на напнатост кога ќе ви се испразни батеријата, немате полнач при рака или сте анксиозни кога сте на места каде што е забрането користење телефони, се вели во студијата на Британската асоцијација на психолози.

Според нивното истражување, 13 милиони луѓе во светот имаат симптоми на оваа фобија, а можно е оваа бројка да биде уште поголема со појавата на паметните часовници, кои функционираат како мобилен телефон.

мобилен телефон

Класичните симптоми се анксиозност, забрзано чукање на срцето, потење на дланките само кога ќе се најдат во ситуација да немаат мобилен телефон или на место каде што не можат да го користат.

Фобиите почесто ги погодуваат жените, иако мажите се тие кои повеќе користат мобилни телефони. Помладите генерации, тинејџерите, средношколците и студентите растат со технологија и интернет, па воедно претставуваат најризична група, бидејќи најтешко се одвојуваат од своите мобилни уреди.

Во истражувањето спроведено во Велика Британија, меѓу 1.000 испитаници, дури 66 отсто признале дека чувствуваат страв доколку се најдат на јавно место без мобилен телефон, а повеќето од нив биле на возраст од 18 до 24 години, додека 77 отсто од нив биле постари од 25 години, изјавиле дека може да издржат само неколку минути без телефон.

мобилен

Следете ги знаците:

  • Никогаш не го исклучувате вашиот мобилен телефон
  • Опсесивно ги проверувате пораките, пропуштените повици и вашата е-пошта
  • Постојано ја полните батеријата за случајно да не ве издаде
  • Никогаш не одите во тоалет без мобилен телефон
  • Чувствувате страв да не се случат некои негативни работи и нема да можете да повикате помош
  • Страв да не ви снема Интернет
  • Прескокнување на секојдневните активности или планови за да поминувате повеќе време на вашиот телефон.

Статистиката покажува дека дури 75 отсто од луѓето го носат телефонот во бањата и тоалетот. Експертите велат дека доколку сакате да се чувствувате безбедно и да избегнете напади на паника, секогаш треба да носите полнач со себе, но доколку сакате целосно да се ослободите од овој страв, тогаш треба да преземете малку подрастични мерки.

„За почеток, исклучете го телефонот еден час во текот на денот додека сте дома, ставете го во фиока и тргнете се. Следниот ден повторете го истото, но два часа и така додека целосно не се ослободите од стравот. Тогаш ќе можете да уживате во чувството на мир што нема да го прекине звукот од телефонот кој ве известува за нова е-пошта, известување или смс порака“, советуваат експертите.

Слични објави

(Фото) Марија Шерифовиќ го крсти синот: Ова се деталите од церемонијата

еспресо

Бејби Лазања бил замена: Случајно станал дел од хрватска евровизија и победил!

еспресо

(Фото) Победникот на Евровизија го ископира стајлингот на Јелена Карлеуша: „Е па крај!“

еспресо

Астропрогноза за понеделник, 13 мај: Неочекувани можности за Овните, успешен ден за Лавовите

еспресо

(Фото) Сергеј Трифуновиќ се пофали со „тазе“ невестата: Еве и кој му е кум

еспресо

Доаѓаат пари: Два хороскопски знаци ќе се позлатат до крајот на неделата

еспресо
Се вчитува....