10:46 - 12 ноември, 2026

Следете ја во живо ситуацијата со коронавирус низ светот! (ВИДЕО)

На Јутјуб се појави линк на кој што може во живо да се следи ситуацијата со пандемијата од коронавирусот во светот.

Ова стримање е постојано активно од 30 јануари и во живо ги надополнува статистиките низ светот во врска со ширењето на Ковид-19. Целта на овој стрим не е да се влее паника, туку едноставно јавноста да се информира за моменталната ситуација низ светот. На почетокот профилот бил регулиран само од еден човек, но со цел прецизноста да е подобра, се приклучиле повеќе луѓе кои ги пополнуваат статистиките.

Бројките на екранот се базирани на информации од официјални владини излагања и медиуми. Овие податоци не се секогаш најточни, но се најблиску до реалноста. Од самиот канал кој го води овој стрим е изјавено дека на крајот од денот нивната статистика неколкупати се поклопува со официјалните излагања на владата што ги прави прилично релевантни.

Доколку и вие сакате да ја следите ситуацијата со пандемијата, отворете го видеото:

Кога ќе почнат да светат некои бројки кај државите кои што се прикажани, тоа значи:

Црвено – починати
Жолто – заболени
Зелено – излечени

Чувајте се и следете ги препораките!

Слични објави

Се разбудивте со главоболка? Еве што открива науката за причините и кога треба да побарате помош

К.С.

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Искуство на пациент на Клиника „Жан Митрев“: Средба што зборува за доверба, благодарност и живот

Еспресо

Ништо повеќе не ве радува, иако животот ви изгледа нормално? Што е анхедонија и како да ја препознаетe

К.С.

„Не јадам повеќе од порано, а се дебелеам“ – кога сопственото тело ќе престане да нè слуша

Еспресо
Се вчитува....