17.8 C
Скопје
11:07 - 2 октомври, 2026

Ангела Јакимовска: На финалето на Мис Европа беше забрането да има публика, а им забранија учество на девојките кои доаѓаат од ризичните земји

Ангела Јакимовска е најзгодната Европјанка, барем според исходот од последниот Избор на Мис Европа, кој се одржа неодамна во Бејрут. Учествуваа 30 претставнички на држави од Европа. Ангела ја претставуваше Македонија благодарение на поканата од страна на модното студио „Црнокрак“, кое ја има лиценцата за овој избор за убавина. Ателје „Лавори“ се погрижи за нејзиниот изглед. Изборот траел две недели, а за тоа време покрај официјалниот дел, посетиле многу ресторани во Бејрут, центарот на градот Бејрут, шопинг молови како и плажи коишто излегуваат на брегот на Средоземното Море. Изборот за Мис првично е натпревар во однос на издржливост, а потоа на убавина. Се претставиле како модели, го прикажале своето искуство преку фотосесии и видеа каде што се рекламираат разни компании и брендови.

Што ти остави најголем впечаток од градот?

– Најголем впечаток ми остави Дамата на Либан, свето место лоцирано во Хариса. Исто така голем впечаток ми остави нивната кујна, доста калорична, но вкусна. Тука традиционална храна се хумусот и баклавата, а ми се допадна и арапското кафе.

Каков е нивниот менталитет?

– Кога дојдов во Либан очекував конзервативна муслиманска земја, но реалноста е дека оваа земја е мозаик на разни религии, па така овде 40 проценти од населението се христијани. Сфаќањата на луѓето се модернизирани, а во однос на ноќниот живот овде ќе се чувствувате како да сте дошле во мини Лас Вегас.

Научи ли некој нивен збор?

– Научив да изговорам некои основни зборови како здраво и благодарам, но пишувањето на истите овие зборови на нивен јазик е навистина тешко, бидејќи тие користат арапско писмо.

Безбедно ли е?

– Либан е најлиберална земја на Блискиот Исток. Тука луѓето слободно шетаат на улица, жените се откриени и нема конфликти. Дел од градот е сè уште разурнат како последица на граѓанската војна која се случила пред неколку години, но моментално ситуацијата е стабилна.

Немаше страв од коронавирус?

Либан е безбеден во однос на коронавирусот, бидејќи тука e речиси лето. Меѓутоа, страв постои. Градот е празен, а случајните минувачи имаат маски. Секаде во рестораните ни ја проверуваа температурата и нè прскаа со средство за дезинфекција. Дури и кога се возевме во такси, возачите имаа сретство за дезинфекција и уништување на бактериите. Стравот оди до таму што луѓето не одат на работа, а на Финалето на Мис Европа беше забрането да има публика, па така во салата освен жири-комисијата и натпреварувачките, немаше никој друг. Девојките коишто доаѓаа од земји каде што бројот на заболени од коронавирусот е премногу голем, не беа вклучени во натпреварот.

Слични објави

(Фото) Стефан Лазаров стана татко, се роди синот Лука: „Марта, ти благодарам за најубавиот подарок“

К.С.

VILLA DIVA – Амбиент создаден за големи моменти

Еспресо

(Фото) „Колку била убава!“: Теа Таировиќ сподели фотографија од детството и сите гледаат во нејзината мајка

Еспресо

Едноставна, мирислива и сочна — рецепт за норвешка торта со јаболка

Еспресо

„Мамо, види ме“: Личната приказна на Слаткар за пелтечењето посветена на мајка му, која ја живеела неговата борба

Еспресо

(Фото) Прекрасната Елена Реи на модна ревија во Милано — заблеска во креација на македонскиот дизајнер Марков

К.С.
Се вчитува....