3.8 C
Скопје
21:41 - 20 декември, 2024

Нов бизарен тренд кој ги освојува социјалните, а му штети на вашето здравје! (ФОТО)

На друштвените мрежи се појави нов бизарен тренд кој покажува колку сте слаби, а многу млади девојки во Кина го практикуваат.

Шокантниот тренд наведува дека во шуплината која се наоѓа покрај самата клучна коска, треба да се постави кармин и така дамите можат да покажат на сите „колку се згодни и витки“.

Weibo/Printscreen

Трендот започна да се развива во Кина најпрво на интернет платформата Веибо, а започнува да се проширува и на другите друштвени мрежи.

Постојат неколку варијанти од овој тест, а првобитната верзија на трендот ја започна девојката Чен Шу кога објави фотографија на која прикажува како држи црвен кармин во дупката помеѓу клучната коска и вратот, а потоа повика и други да се придружат на овој предизвик.

„Открив нова вештина! Ајде, пробајте го овој предизвик заедно со мене“, напиша Чен покрај фотографијата.

Weibo/Printscreen

После многу реакции од корисниците на кинескиот Твитер, како што многумина го нарекуваат Веибо, следеа и коментари на поддршка. Девојките изјавија дека ѝ завидуваат на слабото тело…

„Како си толку слаба? Неверојатно изгледаш!“ напиша корисничка на Веибо.

„Имам кармин, но морам да ја позајмам твојата клучна коска“, се пошегувала друга корисничка.

Овој тренд навистина штети на здравјето и се поголем број на девојки изјавуваат дека се изгладнуваат, се со цел да го постигнат овој тренд.

Иако и порано се имаат појавувано слични трендови како што се држење лименки помеѓу градите, изгледа дека поединечни даме се уште не сфатиле дека слабиот изглед не е поврзан со големината на клучната коска, туку од физичката градба на телото.

Слични објави

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Хируршки третман на израстоци – бенигни тумори на кожа

Еспресо

Интервју со проф. д-р Гордана Адамова, експерт по перинатологија: Вештачката интелигенција е од помош, но експертот го има последниот збор

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Кератоконус – оштетување на рожницата

Еспресо

Ласерска корекција на диоптрија во Европска очна болница: Враќање на видот со прецизност и експертиза

Еспресо

(Видео) Новости од Клиника „Жан Митрев“: Изведена прва неврохируршка операција со микроскоп

Еспресо

Маја Алексовска ембриолог во болницата „Санте Плус“: Лекувањето на неплодноста е тешка, но не е неостварлива задача

Еспресо
Се вчитува....