4.8 C
Скопје
03:01 - 7 октомври, 2026

Уапсен сопругот на Ники Минаж, му се заканува затворска казна од 10 години!

Мажот на познатата пејачка Ники Минаж, Кенет Пети (41), во средата беше однесен во притвор, а светските медиуми пишуваат дека сам и се предал на полицијата, откако против него е поднесена тужба на државно ниво.

Кенет Пети се пресели во Калифорнија во јули 2019 година, но кога полицијата го пресретна во ноември 2019 година, тој се уште не беше регистриран како сексуален престапник.

На 15 ноември полицаец го запре и утврди дека Пети веќе се води како сексуален престапник во државата Њујорк, но дека никогаш не е регистриран на тој начин во Калифорнија како што налага законот, иако во Калифорнија се преселил четири месеци порано.

Се чини дека и по тие опомени од полицарцот, Пети и натаму не се регистрирал, па сега полицијата одново го разгледува неговиот случај.

View this post on Instagram

My nigga home now he da Clyde to my Bonnie ??

A post shared by Barbie (@nickiminaj) on

Градот Лос Анџелес веднаш поднесе тужба против него поради тоа што тој и натанаму не е регистриран како сексуален престапник.

Тој е уапсен и пуштен со кауција од 20.000 долари, а сега е обвинет и на државно ниво за истата работа.

Кенет во 1995 година е осуден за обид за силување од прв степен. Поради злосторството, тој отслужи затворска казна од речиси четири години во Њујорк и потоа мораше да биде регистриран како сексуален престапник, но Пети тоа не го направил и во Калифорнија.

Ако биде осуден по државната тужба која е отворена против него, Кенет може да добие и до десет години затвор.

Обвинетилите бараат домашен притвор за Пет, но неговиот адвокат вложи приговор и наместо тоа, Пети ќе носи локатор преку кој полицијата ќе може да го следи секое негово движење.

Пети ќе биде под константен надзор и веќе и го предаде својот пасош на полицијата. Неговото движење е ограничено само во Јужна Калифорнија.

Тој сега нема да смее да користи никаква дрога, дури ниту марихуана од легалните амбуланти во Лос Анџелес.

Слични објави

Ќерката на Дарко Лазиќ славеше роденден, а нејзината мајка испрати емотивна порака: „Зошто никој не ми кажа дека ќе ми биде волку тешко?“

Еспресо

Кеба откри детали за свадбата на синот и бремената снаа: Цеца ќе пее, а еве кога ќе биде веселбата

Еспресо

Милица Тодоровиќ проговори за периодот по породувањето: „Ми беше тешко, одам кај психотерапевт и плачам“

Еспресо

(Фото) Синот на Анастасија Ражнатовиќ носи фармерки што чинат и до 700 евра! Бебето е опкружено со луксуз, но има и скапа гардероба

Еспресо

(Фото) Тања Савиќ се спакува и замина од родното Смедерево: Сега покажа како изгледа нејзиниот стан во Белград

Еспресо

Младата Месечина во Вага ќе им донесе среќа на четири хороскопски знаци — ќе започне период на нови можности

К.С
Се вчитува....