5.8 C
Скопје
23:23 - 12 март, 2026

Не ги стискајте поткожните мозолчиња, можете да си направите голем проблем!

Поткожните промени настанати со собирање на масно ткиво главно поминуваат без проблеми, ама кога ќе се инфицираат, можат да направат сериозни здавствени тегоби. Топчињата под кожата се или безболни масни тумори, наречени липоми или поткожни цисти, атероми. Ни едните ни другите не ги стискајте, предупредуваат дерматовенеролозите.

Не е исто ако се масни тумори или цисти

Липомите се тумори на масното ткиво кои споро растат и обично се безопасни. Во случај на нагло растење и зафаќање на нервите, можат да станат болни.

Најчесто тоа се поткожни чворчиња со големина до 5 см, меки на допир, безболни и подвижни. Можат да се појават на кој било дел од телото, ама најчесто на грбот, на рамениците и на стомакот. Иако причината за нивно настанување не е точно дефинирана, забележени се случаи на настанување како последица на повреда. Почесто се јавуваат кај лица постари од 40 години.

За разлика од нив, атеромите се поткожни, епидермоидни цисти, исто така бенигни. Најчесто настануваат во текот на ембрионалниот развој. За нивно подоцнежно настанување можат да придонесат повреди, инфекции, УВ зрачењето и други фактори. Содржината на атеромот може спонтано да се излева и да се истисне на површината на кожата низ централната пора, меѓутоа капсулата во која е сместена содржината овозможува нејзино повторно собирње, објаснуваат дерматолозите.

Антибиотската терапија некогаш не е доволна

Во случај да напипате или да забележите поткожно чворче на кожата, најдобро е да се обратите кај доктор за да се процени за каква промена станува збор.

Кога се во прашање атероми, не траба сами да ги стискате поради ризик од настанување инфекција или лузна. Во случај на воспален атером сами можете да ставате само топли влажни облоги неколкупати дневно за содржината да се омекне и да се издренира, како и местото редовно да го миете со вода и со сапун.

Атеромите можат да се лекуваат со орална антибиотска терапија, со интралезиона инјекција со кортикостероиди и хируршки.

Во случај на липоми се препорачува нивно редовно следење, а терапијата е хируршка.

Слични објави

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Воспаление на слепо црево – симптоми и дијагностика

Еспресо

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Брусницата е моќен заштитник на здравјето и најдобар лек за воспаленија на уринарниот тракт

Еспресо

Постојано сте уморни? Ова се симптомите на недостаток на железо што жените често ги игнорираат

Еспресо

Синдром на суво око – чест проблем во модерниот начин на живот

Еспресо
Се вчитува....