23:58 - 1 ноември, 2026

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Рак на тестиси

Статистиката вели дека ракот на тестисите е најчеста форма на рак кај мажи во возрасната категорија од 15 до 45 години. Но, исто така, статистички тој е од оние карциноми што имаат висока стапка на излекување доколку се открие рано.

Тестисите се двете жлезди под пенисот, кои се одговорни за производство на сперматозоиди и тестостерон. Ракот се јавува кога малигни клетки почнуваат да растат неконтролирано во едниот (понекогаш и двата) тестиси.

Симптоми на кои треба да се посвети внимание:

• – грутка без болки во тестисот,
• – чувство на тежина во скротумот,
• – оток,
• – тапа болка во препоните или долниот дел на стомакот,
• – чувство на непријатност,
• – промени во големината на тестисот.

Ризик фактори

Постојат неколку ризик фактори поради кои е потребно да не занемарувате каков било симптом и да посетите лекар.

Тоа се: неспуштен тестис (крипторхизам), семејна историја на постоење на болеста, генетски нарушувања и бела раса. Ракот на тестис може да се јави во која било возраст, но најчест е кај тинејџери и луѓе до 45-годишна возраст и предоминантен кај луѓе од белата раса.

Сепак да напоменеме, не се секоја грутка или невообичаени сензации рак. Едноставно, секоја нова промена треба да се провери од лекар, кој потоа ќе постави соодветна дијагноза и ќе даде препораки за следни чекори.

Она за што треба да бидеме свесни е дека иако не постојат превентивни мерки што спречуваат појава на овој вид рак, шансите за целосно излекување се многу високи и стапката за преживувањето е над 95 %.

Не чекајте знак, закажете преглед на 02/3091-484

Комерцијален текст.

Слични објави

Бунтовник против системот и една од најконтроверзните рок-легенди — на денешен ден е роден Бора Чорба

К.С.

Мажите открија кој дел од женското тело им е неочекувано привлечен — не се градите, ниту задникот

К.С.

(Фото) Борко Ристовски прослави 10 години љубов со сопругата Нина: „Секогаш ќе бидам тука за тебе“

К.С.

„Намерно треснав сума што е нереална дури и за Реал Мадрид“: Воја Недељковиќ откри како преговарал за хонорарот во Ѕвездите на Гранд

Т.Ц.

Сè потешко спиеме добро — научниците откриваат што ни го нарушува сонот и зошто проблемот не е само во нас

К.С.

„Ти беше феномен“: Јосипа Лисац со трогателна посвета се прости од Мишо Ковач

К.С.
Се вчитува....