01:09 - 2 ноември, 2026

Маја Николиќ не се откажува од Евровизија: Си спреми две брзи песни и очекува победа!

Пејачката Маја Николиќ ни оваа година не се откажува од желбата да ја претставува Србија на „Евровизија“. По неуспехот на минатогодишното натпреварување, таа повторно решила да ја испроба својата среќа и официјално поднела две нови песни за изборот за „Песна за Евровизија“.

„Знам дека ве интересира – предадов две брзи песни за изборот за Евровизија и очекувам да поминам“, изјави Маја на Инстаграм.

Таа додаде дека Новата година ќе ја дочека во Белград, каде на својот настап присутните ќе можат ексклузивно да ги слушнат новите композиции.

„Кој ќе дојде, ќе му ги пуштам песните од телефонот. Не смеат да излезат во јавност“, порача пејачката.

Да потсетиме, Маја Николиќ не успеа да се пласира во финалето на „ПЗЕ 2025“, по што јавно ѝ се заблагодари на Оливера Ковачевиќ.

„Фала, драга Оливера, за сè“, напиша тогаш Маја.

За време на второто полуфинале, откри и дека Ковачевиќ ѝ позајмила фустани за настапот — гест што го истакна како пример за нивното колегијално пријателство.

Слични објави

Бунтовник против системот и една од најконтроверзните рок-легенди — на денешен ден е роден Бора Чорба

К.С.

Мажите открија кој дел од женското тело им е неочекувано привлечен — не се градите, ниту задникот

К.С.

(Фото) Борко Ристовски прослави 10 години љубов со сопругата Нина: „Секогаш ќе бидам тука за тебе“

К.С.

„Намерно треснав сума што е нереална дури и за Реал Мадрид“: Воја Недељковиќ откри како преговарал за хонорарот во Ѕвездите на Гранд

Т.Ц.

Сè потешко спиеме добро — научниците откриваат што ни го нарушува сонот и зошто проблемот не е само во нас

К.С.

„Ти беше феномен“: Јосипа Лисац со трогателна посвета се прости од Мишо Ковач

К.С.
Се вчитува....