4.8 C
Скопје
11:00 - 22 декември, 2024

Научниците открија – Коронавирусот има 6 основи типа и секој има свој посебен кластер на симптоми

Експертите анализирале податоци за симптомите кај 1.600 пациенти во САД и во Велика Британија. Според индикаторите за развојот на болеста, направени се шест групи.

Научниците идентификуваа шест различни видови на ковид-19, од кои секој има посебни симптоми. Ова важно откритие, како што велат тие, може да биде од огромна помош на лекарите за полесно да одредат кои пациенти се најризични, а воедно и во спречувањето на ширењето на заразата.

Се верува дека различните симптоми можат да укажат на сериозноста на здравствената состојба и дали на одреден пациент му е потребен респиратор или некој друг вид болничко лекување.

Истражувањето го воделе научници од Кралскиот колеџ во Лондон, кои тврдат дека резултатите што ги добиле ќе имаат значителни ефекти на лекувањето на пациентите во следниот бран на коронавирусот и дека овие сознанија би можеле да спасат животи.

Експертите анализирале податоци за симптомите кај 1.600 пациенти во САД и во Велика Британија. Според индикаторите за развојот на болеста, направени се шест групи.

Иако основните симптоми на оваа болест се постојаната сува кашлица, температура и губење на сетилото за мирис, податоците собрани врз основа на најновите студии укажуваат на тоа дека постои многу поширок спектар симптоми.

Првите три форми научниците ги карактеризирале како условно лесни, затоа што само за 1,5 до 4,4 отсто од пациентите била потребна помош од респиратор.

Фото: Профимедиа

Еве какви се симптомите во зависност од типот на ковид-19:

  1. Налик на грип, без температура тип – главоболка, губење на сетилото за мирис, болка во мускулите, кашлица, суво грло, болка во градите, без температура.
  2. Налик на грип, со температура тип – главоболка, губење на сетилото за мирис, кашлица, суво грло, засипнатост, температура, губење на апетитот.
  3. Гастроентеролошки тип – главоболка, губење на сетилото за мирис, губење на апетитот, пролив (дијареја), суво грло, болки во градите, без кашлица.
  4. Сериозна фаза 1, со замор – главоболка, губење на сетилото за мирис, кашлица, температура, засипнатост, болка во градите, преголем замор.
  5. Сериозна фаза 2, со конфузија – главоболка, губење на сетилото за мирис, губење на апетитот, кашлица, температура, засипнатост, суво грло, болка во градите, прекумерен замор, збунетост, болка во мускулите.
  6. Сериозна фаза 3, респираторни и абдоминални проблеми – главоболка, губење на сетилото за мирис, губење на апетитот, кашлица, температура, засипнатост, суво грло, болка во градите, прекумерен замор, збунетост, болка во мускулите, краток здив, дијареја.

Научниците констатирале дека на повеќето пациенти со најтежок облик на коронавирусот им е потребна хоспитализација, додека кај пациентите од првата група тој процент изнесува 16 отсто, пренесува „Спутник“.

Слични објави

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Хируршки третман на израстоци – бенигни тумори на кожа

Еспресо

Интервју со проф. д-р Гордана Адамова, експерт по перинатологија: Вештачката интелигенција е од помош, но експертот го има последниот збор

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Кератоконус – оштетување на рожницата

Еспресо

Ласерска корекција на диоптрија во Европска очна болница: Враќање на видот со прецизност и експертиза

Еспресо

(Видео) Новости од Клиника „Жан Митрев“: Изведена прва неврохируршка операција со микроскоп

Еспресо

Маја Алексовска ембриолог во болницата „Санте Плус“: Лекувањето на неплодноста е тешка, но не е неостварлива задача

Еспресо
Се вчитува....