23.8 C
Скопје
15:49 - 27 април, 2024

Коронавирусот убива само во мал број случаи! Главен симптом е сувата кашлица, а еве што друго му прави вирусот на организмот

Бројот на заболени од коронавирус расте ширум светот. Научниците со недели се обидуваат да откријат која е точно причината за новиот вирус наречен Ковид-19, како и да го спречат ширењето на заразата, а клучно е да се утврди на кој начин овој вирус ги напаѓа белите дробови, како и дали навистина воспалението може да донесе до откажување на виталнте органи како што е црниот дроб.

Болеста почнува во белите дробови

Кај пациентите кои се во тешка состојба се развива воспаление на белите дробови – ситните алвеоли се полнат со вода и со гној, па заболените не се во можност ефикасно да разменуваат кислород и јаглерод диоксид.

Докторот Раимонд То, специјалист за респираторна медицина од Хонг Конг, објаснува дека Ковид-19 се врзува за рецепторите во ткивото на белите дробови и влегува во клетките, а потоа произведува повеќе копии од вирусот.

Потоа се активира имуниот систем, ги препознава заразените клетки и ја поставува првата линија на одбраната. Со тоа всушност настанува пресилен одговор на организмот, а имуниот систем почнува да предизвикува смрт на клетките, вклучувајќи ги и здравите.

Како што огромен број клетки умираат, белодробното ткиво станува сè пооштетено. Поради тоа станува сè потешко испорачувањето на кислородот, неопходен за работа на другите витални органи во телото. Исто така може да доведе до појава на секундарна бактериска инфекција и да покрене прекумерен имун одговор и да предизвика оштетување на повеќе органи.

За да дознаеме кој е првиот сигнал за узбуна, односно знак дека нашиот организам е заразен со коронавирус, докторите велат дека главен симптом претставува сувата кашлица.

„Коронавирусот поминува често без кивање. Поретко тече носот, а застапена е сува кашлица. Ако се јави слаб здив, значи дека вирусот преминува во воспаление на белите дробови. Тогаш респираторната инфекција ги напаѓа горните дишни патишта“, објаснуваат докторите.

Како коронавирусот се шири по телото и дали може да доведе до откажување на органите?

Се претпоставува дека потоа вирусот продолжува низ организмот преку желудникот, предизвикувајќи дијареа и стомачни болки, а потоа, кај некои заболени, преку крвта се шири во останатите органи.

Колатерална штета од нападот на коронавирусот е црниот дроб. Научниците сè уште не се целосно сигурни како точно овој респиратпорен вирус го напаѓа виталниот орган. Меѓутоа, со оглед на тоа што црниот дроб е васкуларен орган, се смета дека вирусот многу лесно може да дојде до него преку крвотокот, па постои веројатност црниот дроб да го зарази диртектно или да дојде до сериозно воспаление поради одговорот на имуниот систем на заразата.

Последиците можат да бидат катастрофални пореметувања во целиот организам и еден по еден органите откажуваат.

Сепак, епидемиолозите тврдат дека вакви компликации се јавуваат во многу мал број случаи.

Сите овие симптоми можат да се појават за два дена, но и 14 дена по изложеноста на вирусот.

 

Слични објави

Совети од Клиника „Жан Митрев: Тироидектомија – отстранување на тироидната жлезда

еспресо

Од Клиника „Жан Митрев“: Усвојувањето нови знаења е секогаш предизвик, но и возбудливо искуство

еспресо

Ангио тимот од Клиника „Жан Митрев“ повторно во акција

еспресо

Интервју со д-р Горан Јовиќ, хирург уролог во Клиника „Жан Митрев“: Мажите барем еднаш годишно треба да се јавуваат на уролошки преглед

еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Депресија – како настанува и како да си помогнеме

еспресо

Светски ден за подигање на свеста за аутизмот

еспресо
Се вчитува....