22:32 - 29 ноември, 2026

КОГА ДА ГИ МИЕТЕ ЗАБИТЕ: Пред или по првото утринско кафе?

‚Иако на многумина им изгледа логично да ги мијат забите по пиењето на утринското кафе – бидејќи остава дамки на забите, а неговата киселост го кородира емајлот, стоматолозите препорачуваат четкање на забите пред првото кафе!

Како што објасни Кристина Минер, стоматолог од непрофитната здравствена организација CommuniCare во Сан Антонио, кафето полесно се лепи и создава проблем ако дојде во контакт со наслаги, пишува marthastewart.com.

– Ако забите се чисти, ќе имате помалку наслаги на кои може да се задржи, истакнува таа.

Како што објаснува Мајнер, таа прво ги мие забите, пие кафе, а потоа само ја плакне устата со вода за да ја неутрализира киселоста во устата.

Соња Красилников, стоматолог од Њујорк, исто така забележува дека не е добра идеја да се мијат забите по испиеното кафе, поради нивото на киселост, бидејќи таквата средина е хемиски абразивна. На овој начин, киселината се распаѓа уште побрзо и ја зголемува чувствителноста на забите! Така, само повременото миење после кафе создава микроабразии, додека секојдневното четкање на забите по таков кисел пијалок може да ја „истроши“ глеѓта на забот.

Затоа, ако сепак сакате да го вратите чувството на свежина во устата со четка и паста, треба да почекате барем половина час за последната голтка кафе.

Слични објави

Саша Ковачевиќ за првите денови од татковтвото: „Нема место за паника, тоа се природни работи, а сега самите се грижиме за бебето“

Е.А.

Сергеј Ќетковиќ ги загуби двајцата родители за само неколку дена: Татко му беше познат спортист, го почитуваше цела поранешна Југославија

apostolova

(Фото) Дарко Лазиќ ја украси елката од подот до таванот во луксузната вила: Сопругата откри каква желба имал пејачот, сè е преполно со луксуз

Еспресо

Азис бара професионален тим за нега на својот луксузен автомобил: „Потребно е лично да дојдат и да му посветат посебно внимание“

Е.А.

Неделен хороскоп од 30 ноември до 6 декември: Пристигуваат големи промени и долгоочекувани можности

Т.Ц.

Рада Манојловиќ: Велеа дека сум паднала од коњ на магаре зашто пеам под шатори, а од каде падна Наоми Кембел во шаторот на Јахорина?

Т.Ц.
Се вчитува....