Секој што е на диета треба да знае дека оброците, а особено ручекот треба да се јаде во строго определено време за да се намалат килограмите успешно. Но иако нема совршено време кога да ручате, нутриционистите тврдат дека постои најлошо време да го направите тоа.
Иако најважна работа е составот на храната што ја јадеме, сепак без исклучок е важен и периодот од денот во кој ја внесуваме храната, се разбира доколку сакаме да ослабеме или, пак, да ја одржуваме линијата до совршенство.
Секој што е на диета треба да знае дека оброците, а особено ручекот треба да се јаде во строго определено време за да се намалат килограмите успешно. Но иако нема совршено време кога да ручате, нутриционистите тврдат дека постои најлошо време да го направите тоа.
Нутриционисти од Шпанија, во соработка со колеги лекари од најразлични сегменти од медицината, спровеле опсежно истражување на 1.200 испитаници што имале прекумерна тежина и кои со години, а некои и со децении наназад се обидувале да го постигнат својот „совршен изглед“ .
На испитаниците им бил сервиран ист ручек, односно сите јаделе идентични оброци.
Она што се разликувало е тоа што една третина од испитаниците јаделе пред 15 часот, втората група јадела точно во 15 часот и тоа секој ден, а третата група оброкот го јадела по 15 часот.
Резултатите покажале дека најбавно согорувале калории луѓето што ручале по 15 часот. Тука се поставило прашањето како ручекот може да ни го саботира слабеењето, и тоа не храната што ја внесуваме, туку часот во кој ја јадеме?
Според експертите, веднаш по јадењето на главниот оброк луѓето најчесто чувствуваат поспаност. Освен потребата за одмор што ја чувствува нашето тело, слична таква потреба имаат и внатрешните органи што, пак, од друга страна резултира со забавување на работата на дигестивниот систем, а како последица на тоа, изедената храна останува подолго во телото. Токму поради тоа доаѓа до дебелеење. И тоа во периодот по 15 часот кога на нашето тело „очајно“ му треба одмор за да се „регенерира“ по напорниот работен ден.
Меѓу другото, шпанските научници покажале и пример според кој нациите што практикуваат да јадат околу 13 часот, важат за нации на „слаби луѓе“, како што се Шпанците споредбено со жителите на САД каде што нема конкретен час или какво било ограничување околу часот на внесување на оброците што, пак, резултира со многу луѓе што имаат вишок килограми.