14:55 - 12 ноември, 2026

Како депилацијата да биде помалку болна?

Многу жени и девојки би дале сè, само депилирањето да е помалку болно. Дали е можно тоа?

Следете ги овие неколку практични совети за следната депилација да ви биде што помалку болна.

Топлата купка пред депилација ќе ја ублажи болката. Носете само памучна долна облека. Одберете професионален салон за депилација. Имајте на ум дека прагот на толеранција на болка кај жените е највисок 7 до 10 денови по менструалниот циклус, а најнизок 5-7 дена пред него.

Пред депилација, немојте да правите пилинг на кожата, туку само избањајте се со топла вода и нежен сапун.

Што се однесува на негата по депилација, треба да ја заштитите во првите два дена. Не се изложувајте на сонце и не носете синтетичка облека. По два дена направете нежен пилинг и мачкајте хидратантен лосион. Не нанесувајте дезодоранси или парфимирани лосиони на местата каде сте депилирани со восок.

Што се однесува на депилацијата на интимните делови, три дена пред депилацијата почнете да нанесувате детска крема или маст. На денот на депилацијата и два дена потоа не пијте кафе, алкохол и не јадете солена храна. Исто така, заборавете на долги пешачења или вежбање во теретана.

Слични објави

Се разбудивте со главоболка? Еве што открива науката за причините и кога треба да побарате помош

К.С.

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Искуство на пациент на Клиника „Жан Митрев“: Средба што зборува за доверба, благодарност и живот

Еспресо

Ништо повеќе не ве радува, иако животот ви изгледа нормално? Што е анхедонија и како да ја препознаетe

К.С.

„Не јадам повеќе од порано, а се дебелеам“ – кога сопственото тело ќе престане да нè слуша

Еспресо
Се вчитува....