5.8 C
Скопје
04:46 - 1 април, 2026

Како да го продолжите траењето на вашиот педикир

Во продолжение следуваат 5-те начини на кои најлесно можете да го продолжите животот на вашиот педикир и да изгледате беспрекорно помеѓу закажаните термини.

1. Понесете свој лак за нокти. Вие не можете да знаете колку долго вашата омилена боја седела во салонот за убавина. Постарите формули имаат поголеми шанси брзо да се излупат, плус ќе ја имате истата нијанса во вашиот дом кога ќе биде потребно да ги поправите деловите кои почнале да се лупат.

2. Ставете завршен слој врз завршниот слој. На неколку дена, додавајте по уште еден завршен слој со цел да го одржувате лакот сјаен и да ја заштитите бојата. Погрижете се да поминете со четката по краевите за да го зацврстите лакот бидејќи токму од таму почнува и првото лупење.

3. Менувајте ги чевлите. Поточно, избегнувајте ги затворените чевли во неколкуте часа по третманот со цел да му дозволите на лакот доволно време да се исуши и стврдне. Потоа менувајте отворени и затворени чевли бидејќи постојаното носење сандали ќе придонесат за побрзо лупење на лакот.

4. Бидете внимателни со водата. Особено по завршувањето на педикирот. И покрај тоа што лакот можеби ви делува исушено, всушност се потребни до 12 часа за целосно да се стврдне. Изложувањето на какви било течности во текот на овие саати може да предизвика подигнување на самиот лак, а со тоа и скратување на животот на педикирот.

5. Не заборавајте на хидратацијата. Нанесувајте по неколку капки масло за кутикули на вашите прсти секојдневно со цел да ја одржувате кожата хидрирана, но избегнувајте ги лонсионите со синтетичка миризба бидејќи се обвиваат околу лакот и предизвикуваат тој да се крши.

Слични објави

Вака подготвениот појадок го држи шеќерот под контрола и го намалува ризикот од дијабетес

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Фејслифтинг – хармонија помеѓу годините и природната убавина

Еспресо

Веќе не е јаболковиот оцет, нов „чудотворен напиток“ се пие за здравје и убавина – експертите предупредуваат да се внимава

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Менструален циклус – што е во рамките на нормалното?

Еспресо

Намалете го холестеролот без лекови – што да јадете, а што да избегнувате?

Еспресо

Ако пролетните алергии и за вас се ноќна мора, еве како да си помогнете

Еспресо
Се вчитува....