16.8 C
Скопје
12:58 - 18 октомври, 2026

Дали витаминот К може да помогне кај заразата со ковид-19?

Холандските научници откриле недостиг на витаминот К, важен во регулирањето на згрутчувањето на крвта, кај пациенти што починале од последиците од ковид-19 или биле примени во одделението за интензивна нега со дијагноза на таа болест.

Лекарите што го проучувале развојот на болеста во болницата „Канисијус Вилхелмина“ во градот Најмеген, откриле врска помеѓу болеста и витаминот К токму поради тоа што ковид-19 предизвикува згрутчување на крвта, што доведува до разложување на еластичните влакна во белите дробови, а витаминот К, кој во организмот се внесува преку храната и се апсорбира во гастроинтестиналниот тракт, е клучен за производство на протеините што го регулираат згрутчувањето.

Тие веруваат дека тоа би можело да ги заштити луѓето од потешка форма на заболувања на белите дробови.

Холандските истражувачи сега чекаат рецензија на студијата, а по одобрувањето, тие би почнале со клинички испитувања.

Доктор Роб Јансен, научник што работи на проектот, вели дека со оглед на првичните резултати од студијата, ќе ги поттикнува луѓето да внесуваат што е можно повеќе витамин К во организмот, со исклучок на пациентите што се на терапија со лекови за згрутчување на крвта, како што е варфарин.

Тој вели дека оваа хранлива материја е добра и за крвните садови, за коските и за белите дробови во секој случај и дека треба да се земе.

– Витамини К1 и К2. К1 се наоѓаат во спанаќот, брокулата, зелениот лиснат зеленчук, боровинките и во сите видови овошје и зеленчук. Организмот подобро го апсорбира К2, а го има многу во холандските и во француските сирења, односно во тврдите и во мувлосаните сирења. Со витаминот К2 особено е богато традиционалното јапонско јадење направено од ферментирана соја, нато, со карактеристична леплива структура и интензивен вкус, поради што дополнително ќе ги испитаме неговите здравствени придобивки – рекол тој.

Истражувањето е спроведено во соработка со Институтот за кардиоваскуларни заболувања во Мастрихт, еден од најголемите европски институти за истражување болести на срцето и на крвниот систем.

Слични објави

Го започнувате и завршувате денот со социјалните мрежи? Психотерапевтите предупредуваат на последиците по менталното здравје

К.С.

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Поврзани онлајн, осамени офлајн – менталното здравје во дигиталната ера

Еспресо

Зошто ви опаѓа косата? Овие се најчестите причини за кои можеби не сте знаеле

К.С.

Дали трчањето на загаден воздух е опасно за здравјето? Научниците откриваат како да се заштитите

К.С.

Која храна ги зајакнува коските, а која може да им наштети? Овие намирници се важни за нивното здравје

К.С.

Калинката е вистинска ризница на здравје: 10 причини зошто треба почесто да ја јадете

К.С.
Се вчитува....