12.8 C
Скопје
13:58 - 28 октомври, 2026

Бидете сензуални и впечатливи и во летните месеци

Во летниот период кога кожата е изложена на сончевите зраци, шминката создава непријатност за женскиот пол. Потењето на кожата не е во склад со производите за убавина.

За нашите дами нудиме практични совети, како да изгледаат убаво и во текот на летото.

– Пудрите со мат изглед се одлични за летните месеци, а во исто време го намалуваат сјајот на кожата.
– Тонираната крема со заштитен фактор, ја негува кожата од силните УВ зраци од сонцето. Меѓу другото, ги покрива неправилностите на лицето.
– Кремастите сенки со кафена или сива боја даваат природен изглед. Розевата боја или нежната портокалова во текот на денот, овозможуваат свежина на лицето.
– Водоотпорна маскара, нанесена во мали количини. Со неа можете да пливате, а нема да се размачка ниту од пот.
– За образите бронзер во летните денови. Нанесете го под јаболчниците со што се изразува линијата на образот. Доколку имате сè уште неисончан тен, можете да употребите потемна боја на бронзер. Доколку пак сте сончани, руменилото е добар избор за осветлување на Вашето лице.
– Сјај во бојата на усните или балзам со заштитен фактор. За да не бидат пренагласени усните, додадете хидратантен балзам. Со тенок слој на хартиено шамивче соберете ја поголемата количина, така ќе добиете природен изглед.

Слични објави

(Фото+видео) Запознајте ја корејската козметика одблизу на работилница за нега на кожата

Еспресо

Сува кожа, испукани усни и чешање — како студеното време влијае врз нашата кожа?

К.С.

Витамините не се најдобрата заштита од настинки и грип, лекар открива што навистина помага

К.С.

Ракот на дојка не започнува секогаш со грутка — ова се промените што не треба да ги игнорирате

К.С.

Како да го подобрите метаболизмот за три дена? Искористете го продолжениот викенд за поздрави навики

К.С.

Зошто одеднаш стануваме алергични на работи што претходно не ни пречеле? Алерголозите објаснуваат што се случува во телото

К.С.
Се вчитува....