8.8 C
Скопје
23:48 - 17 октомври, 2026

ВНИМАВАЈТЕ СО АЛКОХОЛОТ ЗА ПРАЗНИЦИТЕ: Дознајте што може да ви направи само една чаша дневно!

Најновите истражувања укажуваат на тоа дека само еден алкохолен пијалок или два во текот на денот може да бидат поврзани со ризик од појава на висок крвен притисок, пренесува „Health24”.

Претходни студии дошле до заклучок дека мала количина алкохол може да помогне при работата на вашето срце, но ригорозното ново истражување сугерира на спротивното. Имено, се открива дека еден пијалок или два на дневна база е поврзано со зголемениот крвен притисок.

„Мислам дека ова ќе биде пресврт за клиничката пракса, како и за идните истражувања, образованието и јавната здравствена политика во врска со консумирањето на алкохол”, рекол главниот автор на истражувањето д-р Амер Аладин, кардиолог.

Ова е првото истражување од овој вид кое покажува дека тешкото и умереното консумирање на алкохол еднакво може да ги зголеми шансите за настанување на хипертензија. Имено, тимот на Аладин откри дека дури и умерената консумација на алкохол, седум до 13 пијалаци неделно, ги зголемува шансите за висок крвен притисок.

Во истражувањето учество земале повеќе од 17.000 возрасни Американци, а откриено е дека умерените консумирачи имале за 53% поголема веројатност за развивање на хипертензија од прв степен и два пати поголема веројатност дека ќе имаат сериозна хипертензија во вториот стадиум во споредба со луѓето кои не пијат.

Исто така, тешките алкохоличари имале за 69% поголема веројатност дека ќе имаат хипертензија од прв степен во однос на останатите. Наодите се одразија и на просечното вчитување на крвен притисок, чии вредности значително биле нарушени.

Студијата официјално ќе биде претставена на 17 март во Њу Орлеанс. Иако истражувачите не успеале да ги докажат причините и последиците од настанувањето на овие состојби, тие истакнале дека ги земале во предвид и другите фактори на ризик за зголемување на крвниот притисок како што се староста, полот, расата, социјалните фактори и севкупниот ризик од кардиоваскуларни заболувања.

Внимателно со конзумирањето алкохолни пијалаци за време на празниците!

Слични објави

Ана Николиќ бесна поради лажен плакат на кој е со Наташа Беквалац: „Ова е будалаштина, се гледаме на суд“

Е.А.

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

„Ми ветуваше помош, па одеднаш го прекина контактот“: Пејачка бесна на Харис Џиновиќ раскажа сè за нивната комуникација

Е.А.

(Фото) Северина покажа како се опушта пред настап – ужива во костим за капење и очила за сонце како да е лето

Еспресо

Цел живот патиме една по друга: Тамара Тодевска откри емотивна приказна за сестра ѝ Тијана

Еспресо

По долги години во Америка, Александра Пилева навести враќање во Македонија: „Ќе се видиме наскоро“

Еспресо
Се вчитува....