20.8 C
Скопје
10:46 - 29 април, 2024

Со концептот на намалување на штети може да се спасат животи

Денеска во светот има повеќе од една милијарда пушачи и статистиката вели дека секој
шести човек пуши. Сите релевантни податоци покажуваат дека пушењето е еден од главните ризик фактори за развој на најраспространетите заболувања кои што се поврзани со смртност во развиените земји, а тоа се кардиоваскуларните болести и карциномот. Научните истражувањата на оваа тема докажуваат дека најголемиот виновник за развојот на болести предизвикани од пушењето е чадот од тутунот, а не никотинот како што се истакнуваше подолго време. Никотинот создава зависност и може да го зголеми пулсот, но во поглед на супстанците е прилично безопасен.

Целосното откажување од пушење е најдобрата опција, но и покрај свесноста за штетното влијание што оваа лоша навика го има врз здравјето на пушачите и нивната околина, голем број луѓе сѐ уште не се откажуваат од цигарите од различни причини. Бројни се медиумите и анти-групите кои велат дека треба целосно да се престане и воопшто да не се користи никотин, но факт е дека е неверојатно тешко да се престане со пушењето, a користењето само на никотин може да помогне во процесот кој е навистина долга битка.

Проследувањето на овие факти е навистина важно и треба да се испрати позитивна порака до луѓето. Луѓето треба да ја разберат разликата помеѓу штетноста од никотин и штетноста од согорениот тутун. Но, најважна е пораката, односно дека за најтврдокорните пушачи постои начин да се откажат и да се спасат милиони луѓе. Имено, со оглед што откажувањето од цигарите оди многу тешко и покрај сите зголемувања на цените и други рестриктивни мерки, многу држави се насочија кон стратегијата за намалување на штетите од тутунот. Концептот на намалена штетност од тутунот не е новитет и станува збор за промоција на користење иновативни, помалку штетни алтернативи на цигарите.

Систематски напори на ова поле се одвиваат уште од почетокот на минатиот век, a крајната цел на било кој пристап за намален ризик е намалување на смртноста поврзана со користењето тутун, дури и ако не престане изложеноста на соединенијата кои ги испушта. Факт е дека не постои апсолутно безбеден начин за употреба на никотин и изложеност на тутун, но ако веќе не е можно да се запре со пушење, најмалку штетно решение се таканаречените бездимни алтернативи.

Алтернативните тутунски производи се различни од цигарите и се дизајнирани значително да го намалат или елиминираат ослободувањето на штетни и потенцијално штетни хемикалии, а истовремено колку што е можно повеќе да го зачуваат вкусот, сетилното искуство, профилот на испорака на никотин, како и ритуалните карактеристики на цигарите. Бидејќи при консумацијата не го согоруваат, туку го загреваат тутунот, алтернативните тутунски уреди не произведуваат ни катран, туку аеросолен остаток. Но, освен што производите без чад се помалку ризични за здравјето на секој пушач, тие влијаат и на подобрување на личната хигиена, бидејќи веќе го нема оној непријатен мирис во здивот, во косата или во облеката. Истовремено, додека корисникот на овие производи и натаму ужива во ритуалот од кој не може да се откаже, тоа не влијае негативно на оние што се во неговата блиска околина.

Поради сите овие причини, пристапот за намалување на штетите од користењето на тутунските производи треба да го добие своето заслужено признание од страна на креаторите на политиките и владите на глобално ниво.

Комерцијален текст.

 

Слични објави

Уапсен Жерар Депардје! Ќе биде сослушан за наводите за сексуален напад врз две жени

еспресо

Тања Савиќ тајно се омажила со пилотот Муки: „Мојот сопруг е навистина прекрасен…“

еспресо

Велики понеделник: Што не треба да се прави на првиот ден од Страсната недела

еспресо

Астропрогноза за понеделник, 29 април: Скорпиите да внимаваат на парите, Овенот да започне врска

еспресо

Стиснете заби до празниците: Судбината болно ќе ги погоди овие два хороскопски знаци

еспресо

Мелина тврди дека не ја слушала музиката на Харис Џиновиќ, тој ѝ одбруси: „Гледаше во мене како во споменик!“

еспресо
Се вчитува....