34.8 C
Скопје
15:19 - 10 септември, 2026

Џенифер Лопез и Бен Афлек пристигнаа на Капри, ги кренаа цените на апартманите на островот до неверојатни 18 илјади евра!

Џенифер Лопез по медениот месец во Париз веќе е подготвена за концертот на италијанскиот остров Капри: пристигнува заедно со „тазе“ сопругот со Бен Афлек, а предизвикаа вистински туристички „хаос“. 

Сè е подготвено за добротворниот концерт на Луиза Виа Рома за Уницеф ​​во Капри. Џенифер Лопез ќе биде кума на вечерта во сабота на 30 јули, кога и ќе настапи на ексклузивен концерт во Чертоза ди Сан Џакомо. Свежо вратена од медениот месец во Париз со нејзиниот сопруг Бен Афлек, таа веќе генерира големо движење на островот, со огромни барања за вили, апартмани и соби до 18 илјади евра.

Љубовта на Џенифер Лопез кон Капри е добро позната. Често ѕвездата го избира лукзуниот италијански остров како станица на нејзините мини турнеи во Италија и соседството во текот на летото, а минатата година Капри беше и избор за „магична позадина“ при враќањето на пламенот со Бен Афлек, актерот со кој таа повторно се соедини дваесет години по раскинувањето на врската.

Благодарение на Џенифер Лопез, секако овојпат и на Бен Афлек, жителите на Капри можат д абидат и ова лето презадоволни – сè повеќе се зголемуваат цените на одредени локации, кои со текот на времето станаа толку ексклузивни и модерни дестинации, што се надвор од границите за обичните смртници.

Инаку, настанот на кој ќе настапи секси пејачката е резервиран само за ВИП гости. Но со оглед на тоа што ќе се движи ни уличките на малиот остров и секако ќе седнува во локалните ресторани, како што објави италијанскиот весник Ил Матино, цените на собите и апартманите веќе се искачени на недостапни нивоа. Така, ноќевањето на Капри во овој период започнува од 700 евра од ноќ до дури 18 илјади евра за апартмани со приватен базен за ноќевање со појадок.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JENNIFER LOPEZ (@jloveritaly)

Слични објави

(Фото) Вељко ја покажа Богдана без шминка и филтер: Во сино бикини блесна на Кипар, а тој ги покажа мускулите

Еспресо

(Фото) Дора, сестрата на Тоше Проески, сподели ретка семејна приказна со синовите Кристијан и Никола

Еспресо

Лепа Брена откри какви автомобили има: „Еден ми е само за на пазар“

Еспресо

Мартин Вучиќ по долго време се појави во јавноста со приватна приказна

Еспресо

Експертите препорачуваат неколку практични совети кои секојдневно можете да ги применувате ако имате низок притисок

Еспресо

Порасна синот на Весна Петрушевска – се огласи Кирил по шест години живот во Америка

Еспресо
Се вчитува....