11.8 C
Скопје
21:27 - 28 март, 2024

„Скриените“ симптоми на дијабетесот кои многумина ги игнорираат се главната причина поради која оваа болест е толку присутна меѓу луѓето

Симптомите на зголемено ниво на шеќер во крвта долго остануваат незабележани, што го зголемува ризикот од развој на срцеви проблеми или оштетување на нервите.
Како што е објаснето во  Vein Clinic UNC Health Care, најчестите симптоми се необични трнења во различни делови на телото.
До оваа состојба доаѓа така што хипергликемијата ги оштетува нервните завршетоци.
Уште еден знак за оваа болест е чешање на кожата и долгиот период на исчезнување на модринките.
Дијабетесот има многу различни симптоми, а некои од нив се прилично нејасни. Ако ги забележите, обидете се што повеќе да јадете храна со ниска содржина на јаглехидрати, многу протеини и лиснат зеленчук. Избегнувајте слатки пијалаци и пијте најмалку по два литри вода дневно. Можно е за неколку денови сите тие знаци да исчезнат, советуваат ендокринолозите.
Експертите објасниле и дека понекогаш горенаведените симптоми не се поврзани со дијабетесот, туку можат да бидат присутни како последица на прекумерно внесување на јаглехидрати со кои телото не може да се справи.
На пример, пецкањето може да биде предизвикано од лошата циркулација на крвта, а чешањето може да биде последица на алергии и екгзема.
Меѓутоа, ако барем два од наведените симптоми се појават истовремено, препорака е да се обратите кај лекар. Ако не се лекува, дијабетесот го зголемува ризикот од срцеви заболувања или мозочен удар, како и проблемите со бубрезите.

Слични објави

Интервју со доц. д-р Тања Анѓушева: Ергоспирометрија

еспресо

Сите одговори на прашањата поврзани со пертусис или голема кашлица

Разговор со проф. д-р Нико Беќаровски: Што го прави суплементот ГЕ 132+ Натурал оптимален за употреба

Ј.К.Д.

Клиника Жан Митрев 24 години – 1 милион прегледи и 400 000 успешни приказни

еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Фобии – да не ги занемаруваме, има решение

еспресо

Ваучери за педијатриски прегледи од Клиника Жан Митрев за новороденчиња во Општина Центар

Еспресо
Се вчитува....