17:39 - 10 ноември, 2026

Збогум Доне – почина Андон Бошковски еден од најдобрите македонски тренери

Синоќа ненадејно на 47 години почина Андон Бошковски, еден од најпознатите ракометни тренери во земјава. Оваа тажна вест ја соопшти Ракометната федерација на Македонија.

„Со длабока тага и неверување Ве информираме дека ненадејно почина Андон Бошковски – Доне. Сочувство до семејството, нека почива во мир“, објави РФМ.

Бошковски додека играше го носеше дресот на Работнички, а беше и дел од кадетската репрезентација. Кариерата мораше да ја заврши премлад поради повреда на раката.

Во Работнички тој ја почна и тренерската кариера. Подоцна беше асистент тренер во Металург со кого стана македонски шампион и играше во ЛШ.

Од Металург седна на клупата на Младост Богданци, за во 2011 година повторно да се врати во Автокоманда.

Како главен или помошен тренер работеше и во Младост, Вардар, Струга, Тинекс Пролет, Еурофарм Работник, но и во Романија и во Косово, каде што го имаше последниот ангажман.

Беше селектор на Грузија и дел од стручниот штаб на македонската репрезентација на неколку големи натпреварувања.

Слични објави

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.
Се вчитува....