17:07 - 13 ноември, 2026

(Видео) Ким Кардашијан ја повторува легендарната сцена на Мерлин Монро во тизер за ревијата на Долче и Габана

Бизнисменката и моделка Ким Кардашијан ја повтори легендарната фотографија на актерката Мерлин Монро во тизер за модната ревија на Долче и Габана. Таа го објави видеото на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)

„Ужина пред шоуто“, напишала Ким во објавата со видеото.

Во црно-белото видео, Ким Кардашијан позира во задниот дел на лимузината облечена во црн цветен фустан со корсет. Во кадарот таа отвора пица со логото на брендот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)

Видеото беше тизер за ревијата на Долче и Габана 2023 за време на модната недела во Милано, но истовремено и ја најавува претстојната соработка помеѓу Ким и италијанскиот бренд.

Во мај 2022 година, риалити ТВ ѕвездата Ким Кардашијан изнајми фустан на Мерлин Монро за Мет Гала. Но, тој беше вратен во оштетена форма. Кардашијан всушност го оштети легендарниот тесен и проѕирен фустан на Монро во која секс симболот од 50-тите му пееше „Среќен роденден, господине претседателе“ на Џон Ф. Кенеди во 1962 година.

Слични објави

Српската пејачка се бореше со рак, сега објави список на познати личности што ѝ пружиле поддршка – само 8 од нив

Еспресо

Игор Којиќ ги објави првите фотографии од свадбата – нежно го гали трудничкиот стомак на 10 години помладата сопруга

Еспресо

Рада Манојловиќ инвестирала 55.000 евра во бизнис – еве колку пари ѝ носи секој месец

Еспресо

(Фото) Сите имаме мал црн фустан, но Нина Бадриќ покажа како да му дадеме сосема нов изглед

Т.Ц.

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.
Се вчитува....