8.8 C
Скопје
19:05 - 30 март, 2026

(ВИДЕО) ЗАГРИЖЕН ТАТКО ОТВАРА ГОЛЕМО ПРАШАЊЕ: Облеката за девојчиња промовира сексуализацијата на жените

тикток

Загрижен татко на социјалната мрежа „ТикТок“ објасни зошто мисли дека облеката за новородените девојчиња не е соодветна поради нивниот крој. Тој исто така спомна дека повеќе сака да ѝ купува работи за момчиња за својата ќерка.

Една корисничка под името „ericasaysstuff“ ги замоли луѓето да кажат кога сфатиле дека прекумерната сексуализација на жените започнува уште од најрана возраст.

Нејзе ѝ одговори еден татко на „ТикТок“ познат како „world.shaker“ наведувајќи дека овој проблем првпат го забележал кога е облеката во прашање.

„Знаев дека ситуацијата е лоша, но не мислев дека е толку катастрофална. Добивме боди за бебе на кое пишува: „Извинете момци. Тато вели дека не можеме да бидеме во врска“, напишал тој.

@world.shaker#stitch with @ericasaysstuff #parenting #girldad #walmartsethrogen #babyclothes♬ Emotional Piano Instrumental In E Minor – Tom Bailey Backing Tracks

Понатаму прашал на кого би му паднало на памет да се забавува со девојче кое има помалку од еден месец. Тој смета дека ваквите натписи никако не се смешни или интересни.

„Секое парче гардероба за девојчиња ми оди на нерви. Зошто сè е розово? Зошто сè е полно со светки?“, праша тој.

Загрижениот татко исто така, праша зошто не може да најде едноделен костим за капење и зошто облеката за девојчиња е помала од облеката за момчиња, иако пишува дека е за иста возраст.

„На момчињата може да им се купат шорцеви со нормална големина, а за девојчињата се прекратки. Решивме да ѝ купиме панталони за момчиња затоа што оние кои се „наменети“ за неа се премногу тесни и всушност изгледаат како хеланки. Не сакам да го „стискам“ моето бебе во хеланки секогаш кога и менувам пелена. Облеката на девојчињата е најлоша“, заклучил тој.

Слични објави

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.
Се вчитува....