3.8 C
Скопје
06:16 - 2 октомври, 2026

ВЕЧЕР ВО МКЦ: Перформанс на Ангела Стојановска со кој се простува со срамот од нејзиното тело

Вечерва (20.декември), со почеток од 21 часот во МКЦ (сала Фросина) ќе се изведе перформансот „СРАМ“ на Ангела Стојановска.

„Ова е моето простување со срамот од моето тело, од храната, од живеењето во оваа земја. Од срамот кој сум го негувала долго време, кој понекогаш не е лично мој и доаѓа од постапките на другите. Ова е моето прифаќање, заблагодарување и раскрстување со срамот. Време е срамот да оди кај некои други луѓе“ – вели Стојановска.

Авторка и изведувачка на СРАМ е Ангела Стојановска, а реативни соработници се Милош Б. Андоновски, режисер и Ева Камчевска, драматург. Поддршка низ креативниот процес: Викторија Илиоска, изведувачка и кореографка и Билјана Радиноска, режисерка. Извршна продуцентка: Емилија Чочкова, костим: Раде Василев, сценографија: Мартин Манев, дизајн на промо материјал: Матеја Николиќ, фотографијa на промо материјал: АниДими, bodypaint: Бојан Ковски.

Времетраење на перформансот е 60 минути.

Перформансот СРАМ е развиван како авторски проект на Ангела Стојановска во рамки на платформата за изведувачки уметности на Фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО – ИСПРОБУВАЊЕ ФЕМИНИСТИЧКИ ИДНИНИ.

Трансформацијата на изведувачката програма на Фестивалот во платформа за изведувачки уметности, произлезе од определбата за развивање феминистички изведувачки форми низ практикување солидарност, поддршка, заедничко учење и соработка, но и пропрашување на динамиките и отфрлање на хиерархиите втемелени во конвенционалниот театар.

Активностите на платформата се поврзани со програмата на проектот „Жени за жени“ #wowprogram и проектот Пич Прич кои ги реализира Тиииит! Инк. и кои имаат за цел да придонесат кон унапредување на јавниот интерес за родовите прашања и поголемо присуство на жените во јавната сфера.

Платформата ИСПРОБУВАЊЕ ФЕМИНИСТИЧКИ ИДНИНИ е финансиски поддржана од The Kvinna till Kvinna Foundation и FRIDA | The Young Feminist Fund и се реализира во соработка со MOT theatre festival.

Проектот „Жени за жени“ (WoW – Women on women), поддржан од Програмата Креативна Европа на Европска Комисија, Tiiiit! Inc. го спроведува во партнерство со Mesto žensk од Љубљана, VoxFeminae од Загреб и Outlandish Theatre Platform од Даблин.

Слични објави

(Фото) Прекрасната Елена Реи на модна ревија во Милано — заблеска во креација на македонскиот дизајнер Марков

К.С.

(Фото) Како холивудска дива од 20-тите — Калтрина Круезиу во раскошно бело издание на гала во Скопје

К.С.

(Фото) Јаков Јозиновиќ го прослави 21. роденден: доби емотивно изненадување

apostolova

(Фото) Адријана Алачки остана без фризер пред снимање, па Анета Љумаковска ја спаси ситуацијата: „Ете што е вистински колега“

К.С.

Тереза Кесовија одложи два концерти поради здравствени проблеми: „Ќе дадам сè од себе да закрепнам“

Еспресо

Искористете ги посебните попусти во Wood Room и подновете се со уникатна клуб-маса со епоксидна смола

Еспресо
Се вчитува....