-1.2 C
Скопје
09:53 - 23 декември, 2024

(РАЗГОВОР) САЊА ЃОРЃЕВА, ТРЕНЕР ЗА СПИЕЊЕ НА БЕБИЊА И ДЕЦА: Не нишкајте ги дечињата и не заспивајте ги со цицање!

Спиењето е интегрален дел од развојот на човекот. Често знаеме да го одложиме или занемариме и да не му ја укажеме почитта која ја заслужува. Исклучително тешко е за новите родители да ја вградат оваа навика кај нивните деца. Спиењето за бебињата и децата значи живот, па разговаравме со Сања Ѓорѓева, сертифициран и обучен тренер за спиење на бебиња и деца до 6 годишна возраст. Сања сподели со нас совети и методи со кои може да му помогнете на вашето бебенце или дете полесно и побрзо да заспие.

Како необична професија за Македонија, каде ја стекнавте дипломата тренер за спиење?

– Дипломата тренер на спиење ја добив по завршена еднoгодишна обука и програма во американската школа „Gentle Sleep Coach Program“, која постои повеќе од 20 години, и е една од најреномираните и најуспешните школи за тренери за спиење во светот.

фото: приватна архива

На кого се упатени методите и техники и што тие подразбираат? Дали истите може да се применат и кај возрасни?

– Методите и техниките се однесуваат на бебиња од 0 месеци, па сè до деца до 6 годишна возраст. Во зависност од возраста се одбира со кој метод ќе се започне, дали е погодно време да се започне тренинг, или прво ќе ги поставиме „темелите” за здрави навики, преку добри дневни рутини и дремки.

Методите и техниките со кои работиме се од понежен карактер, не значи дека ги оставаме децата цело време да плачат и да заспијат, туку го средуваме целиот дневен распоред, се прилагодуваме на внатрешниот часовник за спиење на детето, а родителите се цело време со своите деца, реагираат на нивното плачење, ги смируваат, и ги учат сами да заспијат и да ја преспијат ноќта. Овие методи не се препорачливи за возрасни и за деца над 6 години, затоа што над 6 години имаме друг развој на спиењето и други методи и техники помагаат.

фото: приватна архива

Што би ги советувале родителите кои се мачат да ги успијат нивните бебиња и дечиња?

– Една од најважните работи е да им дозволат, да им остават простор сами да заспијат. Да не ги нишкаат или да не ги заспиваат со цицање. Може детето да цица, ама будно да се спушти во креветче и да му помогнат да заспие во креветчето. Да не го занемаруваат и потценуваат дневното спиење. Дете што не спие преку ден, нема да спие ни навечер. Да го успиваат на временски интервали соодветни за возраста, за да не дојде до премор кај детето. Дневниот премор, се рефлектира со потешко ноќно заспивање, чести ноќни будења и/или рани утрински будења, пред 6 часот. А, ако не можат сами да го доведат во ред спиењето, нека побараат професионална помош. Доколку детето е здраво, нема причина поради која нема да може да ги преспива ноќите.

фото: приватна архива

Каков е интересот меѓу младите родители за ваквите методи и имате ли професионална евиденција за ефикасноста?

– Како што поминува времето и какошто сè повеќе фамилии се задоволни и наспани од нашите програми, така расте и интересот. Можам да кажам дека во моментов сме букирани две до три недели однапред, има голем интерес и има огромен успех од програмите кај родителите.

Според некоја наша евиденција, само преку програми имаме 95% успешност, а многу често ни пишуваат и ни се јавуваат родители кои успеале да го средат проблемот со спиењето на нивното дете, само преку консултација или преку следење на советите кои ги споделуваме во нашите социјални мрежи.

Слични објави

(Фото) Ништо од венчавката вредна 600 милиони долари! Џеф Безос ја демантираше свадбата во Аспен, сè е лага! 

Еспресо

Хороскоп за 23 декември: Вагите ќе имаат љубовни проблеми, Скорпиите ќе бидат под тежок стрес

Еспресо

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо
Се вчитува....