3.8 C
Скопје
03:57 - 17 март, 2026

Работењето за викенд лошо влијае на психичкото здравје

И додека некои среќници викендот го имаат само за себе, да се одморат, забавуваат и да се подготват за работната недела, за поединци тој луксуз е незамислив, бидејќи за нив и викендот е резервиран за работа.

Не е воопшто едноставно кога знаете дека во моментот додека вие работите, вашите другари уживаат во трач партија покрај омиленото кафе, а вашето момче/девојка одмара дома покрај ТВ, но што е тука е, на вас ви останува додека сте на работа да дадете се од себе.

Меѓутоа, работата за викенд навистина не му одговара на вашето здравје, а ни на вашиот мозок. Истражувањето спроведено во Лондон потврди дека голем процент на луѓе, кои работат за викенд стануваат се поподложни на депресија, а ова особено се однесува на припадниците на понежниот пол.

Оваа студија е спроведена на преку 20.000 вработени и докажа дека лицата кои работеле повеќе од 55 часа неделно, за дури 10 проценти се поподложни на депресија и различни анксиозности. Истражувањето покажа дека многу поголем број на жени работат за викенд.

Жените се под голем стрес и во текот на работната недела, бидејќи мораат да балансираат помеѓу најразлични обврски, како деловни, така и приватни, а кога ќе сфатат дека дури ни за викендот нема да бидат слободни за да одморат, се чувстваат безизлезно, под голем притисок се и поради таа ситуација, доаѓа до депресивно расположение и најразлични анксиозни состојби.

Слични објави

Ако пролетните алергии и за вас се ноќна мора, еве како да си помогнете

Еспресо

Како да ја ублажите силната главоболка?

Еспресо

Една чаша пред спиење ја елиминира можноста од срцев удар – Кога и колку вода да пиете за организмот да ви функционира совршено

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Воспаление на слепо црево – симптоми и дијагностика

Еспресо

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо
Се вчитува....