5.8 C
Скопје
00:33 - 25 март, 2026

ПРИРОДНО Е НАЈДОБРО: Негувајте ја косата со намирници што ги имате по дома

девојка коса

Маските се генерално добри за нега на косата, а ако сакате ефектот да биде баш сјајна коса, пробајте некои од овие:

Желатин – не ви треба некој посебен, туку оној во ќесичка што се користи во исхраната. Тоа е протеин што ќе направи вашата коса да стане мазна, свиленкаста и суперсјајна. Потребно е да помешате една лажица желатин и шолја топла вода и да го растворите правот во неа. Додајте една лажица јаболков оцет кој е сам по себе добар за сјај на косата. Нанесете на косата и оставете да стои 15 минути. Потоа исплакнете ја косата со млака вода.

(ФОТО) НАША ФРИЗЕРКА СОЗДАВА УМЕТНОСТ ОД ОСТАТОЦИ ОД КОСА: Светлана од Кривогаштани е вистинско чудо!

Јајце – сигурно многупати сте слушнале дека маската од јајце прави чудо за косата, а сјајна коса ќе добиете уште од првиот третман. Обидете се со следново. Изматете три јајца и малку маслиново масло. По миењето на косата нанесете ја оваа мешавина на целата коса и оставете да делува барем половина час. Сјајот на косата после тоа ќе ве воодушеви.

Јогурт – едноставна маска од јогурт ќе ги омекне влакната и ќе го врати сјајот на косата благодарение на млечната киселина која ќе ги нахрани влакната и ќе ги отстрани наслагите од различните производи од косата. Нанесете го јогуртот на косата, замотајте ја главата со пешкир и оставете да делува половина час.

СТЕ СЛУШНАЛЕ ЗА ОВА: Јаболковиот оцет е одлична алтернатива на шампон, ја негува и потхранува косата!

Слични објави

„Жена му работи во продавница“ – Што велат соседите за вдовицата на Бора Чорба?

Еспресо

(Видео) Ќе се искупи ли? Откако му ги откажаа концертите, Стјепан Хаусер објави литванска песна

Еспресо

Скандалозен „тип“: Турскиот милионер кој ѝ испраќа подароци на Карлеуша бил приведен

Еспресо

Официјално: Првата квир романса во центарот на „Бриџертон“ – Франческа и Михаела се главниот пар во петтата сезона

Еспресо

(Фото) Хрватска доби неочекуван репрезентативец, Тони Цетински ќе настапи на Светско првенство во Јапонија

Еспресо

Поранешното момче на Емина Јаховиќ „полуде“ по Јелена Карлеуша: Турскиот милионер сака на секој начин да биде со пејачката

Еспресо
Се вчитува....