10.8 C
Скопје
10:27 - 18 април, 2024

Откриено која крвна група е повеќе склона кон крвни згрутчувања

Откако почна вакцинацијата против ковид-19, крвните згрутчувања станаа тема за која почесто се зборува, поради компликациите поврзани со вакцинирањето.

Без оглед дали спаѓате во ризична група, не може да не се запрашате колкави се шансите тоа токму вам да ви се случи. Иако, струката предупредува дека се работи за многу ретки нуспојави и дека придобивките од вакцината ги надминуваат ризиците.

Но, бројни се факторите кои ја играат својата улога, како на пример, возраста, лековите што ги земате, бременоста, па дури и висината. Но, новото истражување предупредува дека предвид треба да се земе и крвната група.

Луѓето со крвна група А имаат поголем ризик за развој на крвни згрутчувања, тврди студијата спроведена на Универзитетот „Лунд“ во Шведска. Истражувачите користеле здравствени картони на повеќе од пет милиони лица за да ја пронајдат потенцијалната поврзаност помеѓу крвните групи и повеќе од илјада болести.

Студијата открила дека луѓето со крвна група А имаат поголем ризик од развој на крвни згрутчувања, поточно на белодробна емболија и венска тромбоза.
Белодробната емболија е затнување на една од белодробните артерии во белите дробови. Во повеќето случаи ја предизвикуваат крвни згрутчувања кои патуваат во белите дробови од длабоките вени на нозете или ретко од вените во другите делови од телото, објаснуваат од клиниката „Мејо“.

Претходната студија на Американското здружение за срце во 2020 година, открила дека во споредба со луѓето со крвна група нулта, оние со крвна група А и Б имаат 51 отсто поголем ризик за развој на длабока венска тромбоза и 47 отсто поголем ризик за развој на белодброна емболија.
Сепак, шведската студија тврди дека луѓето со крвна група А се во поголем ризик. Но, треба да се напомене дека овие крвни згрутчувања се поинакви од оние кои се поврзуваат конкретно со вакцината на „Џонсон и Џонсон“, а кои се однесуваат на случаите на тромбоза и тромбоцитопенија. Тоа се случува кога лицето има крвни згрутчувања (тромбоза) заедно со мал број на тромбоцити (тромбоцитопенија).

Тромбоцитите се клетки коишто циркулираат во крвта и се врзуваат заедно кога ќе препознаат оштетени крвни садови, објаснува д-р Марлен Вилијамс од одделот за коронарна нега при Медицинскиот центар „Џон Хопкинс“.

Иако луѓето со крвна група нулта се помалку склони на создавање крвни згрутчувања, сепак се во поголем ризик од друг проблем со крвавењето. Шведската студија открила дека луѓето со крвна група нулта почесто имаат нарушување на крвавењето, поточно чир на желудникот и на дванаесетпалачното црево. Другите нарушувања на крвавењето вклучуваат хемофилија и др.

Слични објави

Што појадуваат децата на Новак Ѓоковиќ секој ден: Билна исхрана подготвена од навечер

еспресо

(Фото) Внукот на Цеца го прослави првиот роденден: Раскош, сини балони, кадифени мечиња, елегантна трпеза

еспресо

Астропрогноза за четврток, 18 април: Вагите да си го отворат срцето, Јарците денес да се осамат

еспресо

Анѓелка Прпиќ ја отвори душата: „Кога се разведов…“

еспресо

(Фото) Сања Маринковиќ без грам шминка: Водителката покажа како изгледа кога ќе се исклучат камерите

Еспресо

Се смирија Мелина и Џина по бурниот период? Еве што направи ќерката на Харис Џиновиќ

Еспресо
Се вчитува....