18.8 C
Скопје
14:07 - 20 април, 2024

Осамнаа првите фотографии од патниците што се под карантин на крузерот „Дајмонд принцес“

Крузерот „Дајмонд принцес“, кој е под карантин во Јапонија веќе десет дена, достигнал број од 175 лица што се заразени со коронавирусот. На останатите 3.700 им е дозволен пристапот на интернет, по што почнаа да осамнуваат првите слики од тоа што се случува на крузерот. Патниците се изолирани на крузерот во пристаништето Јокахома, јужно од Токио.

Profimedia

Строги правила за патниците

Првите неколку дена патниците воопшто не смееле да ги напуштаат своите соби, но не се жалеле премногу бидејќи имале храна, вода, струја и интернет. Тие веднаш биле снабдени со топломери и упатство да ја мерат температурата неколкупати дневно и да пријават температура повисока од 37,5 степени Целзиусови.

Facebook

Грижа за секој од патниците

Екипажот води сметка за сите барања на патниците, а најмногу внимание посветува на најмалите патници што се наоѓаат под карантин во крузерот. На почетокот им донеле плишани играчки, слатки, играчки и видеоигри. Родителите им се неизмерно благодарни за тоа. Секој ден стигнуваат играчки за најмалите. Услугата во собите сè уште работи и храната што ја добиваат патниците е сè уште привлечна.

Hi Casino we are 2 Casino Residents Quarantined on the Diamond Princess in Yokohama Japan now into Day 6 of 14 we are…

Publiée par Jan Dave Binskin sur Dimanche 9 février 2020

Враќање на парите

На 9 февруари патниците добиле известување од крузерот „Дајмонд принцес“ дека ќе ги добијат целосно парите назад. Следниот ден на патниците им било дозволено да излезат од своите кабини на неколку минути, но морале да се држат на оддалеченост од барем два метра од патниците од другите кабини. Освен тие неколку минути дневно што ги поминуваат на палубата, семејствата целиот ден го поминуваат заедно во малите кабини.

Facebook

Обврските ги оддалечуваат од ситуацијата

Екипажот се обидувал да ја засили надежта на патниците, па им доставиле храна и пијалаци вечерта кога биле Оскарите. Патниците и покрај сериозноста на ситуацијата, се обидуваат да ги извршуваат сите активности што ги извршувале пред да бидат ставени под карантин. Некои држат состаноци онлајн, други вежбаат и ја одржуваат формата и сето тоа го прават во малите кабини. Некои патници, пак, се жалат дека им снемува алкохол, бидејќи само со негова помош можат да избегаат накратко од напнатата ситуација.

Profimedia

Брзата помош, полицијата и новинарите го „чуваат“ крузерот

Јапонската брза помош и полиција се наоѓаат на пристаништето на кое е закотвен крузерот. Новинарите, пак, со мали јахти кружат околу крузерот, обидувајќи се да добијат ексклузивни снимки за животот на заразените и на другите лица.

Profimedia
Profimedia
Facebook

Слични објави

(Фото) Поради неа ја оставил мисицата: Починатата водителка Бојана има сестра близначка како јајце слична на неа

еспресо

Неделен хороскоп, од 22 до 28 април: Среќно небо за Овните, добра вест за Лавовите, љубовни искри за Водолиите…

еспресо

Колегите на водителката Бојана Јанковиќ во шок: Пред смртта била најсреќна личност во светот

еспресо

Водителката Бојана Јанковиќ пронајдена мртва во стан, се чека на обдукција на телото

еспресо

Астропрогноза за сабота, 20 април: Вагите да посветат внимание на партнерот, Водолиите да се отворат за нови познанства

еспресо

Личниот живот им „пука“: Три хороскопски знаци наскоро ќе ја изгубат љубовта

еспресо
Се вчитува....