10.8 C
Скопје
06:07 - 25 април, 2024

Лесна диета за оние кои одат на работа, лекарите дадоа зелено светло

Планот на исхрана се однесува на пет дена – онолку колку што трае работната недела. Во текот на викендот можете да јадете храна по избор, но да не се „фрлите“ на хамбургери, торти, пржени јадења…

Диетата за вработените има своја целна група. Немате време долго да подготвувате специјални оброци или имате работно време што влијае на вашата исхрана? Ова е вашиот пат до совршената линија. Држете ја диетата во текот на работната недела, а за време на викендите, почестете се со омилениот деликатес! Менито е концепирано така што може да се јаде и на канцелариска маса. Времето на држењето на диетата не е ограничено и од вас зависи дали ќе ја држите 1, 2 или 7 недели. Со оваа диета можете да ослабнете од три до пет килограми, во зависност од тоа колку дена сакате да ја држите.

ПРИМЕР ЗА ИСХРАНА

Понеделник

Појадок: 1 банана и 2 киви или житарки со млеко или овошен јогурт
Ручек: Тестенини со зеленчук – 70 г тестенини, 50 г брокули, 1 морков, 1 црвена пиперка, 1 домат
Вечера: 250 г телешка шницла и 300 г динстани шампињони

Вторник

Појадок: 2 дл сок од моркови, 2 парчиња црн леб, 20 г кравјо сирење
Ручек: 2 варени јајца, микс од 50 г моркови и 50 г грашок (со маслиново масло)
Вечера: сечкан зеленчук – 1 модар патлиџан, 1 кромид, 1 тиквичка, 2 домати, лажичка пармезан, лажица маслиново масло

Среда

Појадок: шолја чај без шеќер, печиво и лажичка џем
Ручек: 150 г печен компир, 1 јаболко
Вечера: бистра супа, 200 г филети ослиќ, 100 г варени моркови

Четврток

Појадок: јагоди, 200 г круши
Ручек: 1 интегрално печиво, 100 г краставици, 100 г варено пилешко месо
Вечера: 100 г варен интегрален ориз, 200 г цвекло

Петок

Појадок: 250 г ананас

Ручек: Салата со јајца и зеленчук – 100 г зелени пиперки, 50 г грашок, 50 г пченка, 1 домат и 1 варено јајце

Вечера: 100 г филети морска риба со лимонов сок и бибер, 200 г варен грашок

Предности на диетата

Лесна подготовка на оброците. Разновидност на менито кое вклучува доволно протеини, јаглехидрати, витамини и други корисни материи. Одлично за луѓето кои планираат да бидат на посебен режим на исхрана подолг временски период, бидејќи имате слободни викенди кога можат да го јадат она што им недостасувало во текот на неделата, па нема да бидат мрзоволни. Добар резултат на подолги патеки! Добра работа е што е дозволено да ја замените намирницата што не можете да ја купите или ја немате дома во моментот (но обидете се да биде од истиот вид, на пример, да е исто така овошје и да ја има приближната калориска вредност).

Недостатоци на диетата

Со оглед на тоа дека секоја личност, особено личност со некоја болест има различни потреби и ограничувања, изборот на намирници може да биде несоодветен за таа болест, па дури и контрапродуктивен. Наглото слабеење може да носи извесен ризик од јо-јо ефект, ако по диетата продолжите да внесувате калорична храна, слатки, мрсни намирници, солени грицки, брза храна итн. Диетата, поради нискиот дневен внес на калории, на почетокот може да ви предизвика чувство на глад, пад на концентрацијата, главоболка, замор. Во тој случај, количините зголемете ги барем за 30 отсто и воведете физичка активност.

Мислење на стручњак/нутриционист

Нутриционистите велат дека диетата за вработени е задоволителна бидејќи јадете здрава и корисна храна, која лесно и брзо се вари. Менито е составено на таков начин што намирниците се меѓусебно компатибилни и се поставени по одличен распоред и пропорции. Нема гладување, па и лекарите даваат зелено светло.

 

Слични објави

(Фото) Никола Роквиќ запеа со уличен музичар: „Патот е секогаш посреќен со песна!“

еспресо

Вртоглав успех: Два хороскопски знаци ќе направат пробив во кариерата на крајот на месецот

еспресо

Нина Бадриќ си ја отвори душата: Платив висока цена, психопати пробаа да ме малтретираат

Еспресо

Исчезна од сцената поради неизлечлива болест: Селин Дион искрено проговори за тешката борба

Еспресо

„Татко ти те научи да бидеш добар човек“: Српски свештеник го угости пејачот Никола Роквиќ

Еспресо

(Фото) „Доста ми е веќе, ќе полудам“: Се огласи Џина Џиновиќ од велелепната вила, покажа што ја мачи

Еспресо
Се вчитува....